Регион
Дачиќ: Хрватска, Црна Гора и Македонија ги сакаме исто како и Папуа Нова Гвинеја

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ порачал дека Србија ги почитува своите соседи, но ги „исто како што ја сака и Папуа Нова Гвинеја“, пренесуваат српските медиуми.
„Ние ве почитуваме како соседи, но не сакаме да кажеме дека ве сакаме. Зошто? Тој што ви кажува дека ве сака, тој ве лаже. А утре ќе ве мрзи. Ве сакаме како што ја сакаме Папуа Нова Гвинеја. Ова важи и за Црна Гора и за Македонија. Би плукнал на себе кога би рекол дека сте прекрасни. Но ние немаме подобро. Какви и да сме, дајте да живееме заедно“, рекол Дачиќ.
Српскиот министер исто така повторил дека Србија нема да ги поддржи кандидатите на Хрватска, Македонија или Црна Гора за местото генерален секретар во Обединетите нации (ОН), порачувајќи дека „тие уште од првиот ден ќе го внесат Косово во ОН“.
„Немаме намера да гласаме за некого кој од првиот ден ќе го донесе Косово во ОН. Како што тие работат за себе, мораме и ние да работиме за себе. Нема да работиме против сопствените интереси“, рекол Дачиќ./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.