Контакт

Регион

Дачиќ: Изјавата на Халиловиќ е закана за мирот

Објавено пред

Изјавата на Сефер Халиловиќ за уништувањето на Република Српска претставува најголема закана за мирот и стабилноста во регионот, изјави во вторник српскиот вицепремиер и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ.

„Халиловиќ не е само поранешен воен муслимански командант, тој неофицијално е портпарол на Бакир Изетбеговиќ. Халиловиќ го зборува она што Изетбеговиќ го мисли. Затоа неговите закани треба да се сфатат  сериозно, бидејќи покажуваат дека постојат воени планови, кои се базираат врз проценката дека РС не може да издржи повеќе од 10 до 15 дена и дека Србија не може да ја одбрани“, се наведува во пишаната изјава на Дачиќ.„На сите им е јасно дека референдумот е само изговор, а дека зад сета работа стои намерата со војна да се уништи РС. Да сака компромис, Уставниот суд можел да промени барем една запирка во својата одлука. Но нив не им е важен компромис, туку изговор за воените намери и планови, за што муслиманите во БиХ очигледно се подготвуваат. Србија несомнено сака мир и ќе стори сѐ да ја сочува стабилноста, но сигурно нема да дозволи воен напад и уништување на РС. За тоа никој не би требало дури ни да сонува. Србија е доволно силна да се одбрани себеси, а нема да дозволи ниту уништување на РС ако биде нападната. Очекуваме итна реакција на меѓународната заедница и меѓународните претставници во БиХ, ако навистина се грижат за мирот“, изјави Дачиќ. /крај/он/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Двонеделен карантин за контактите на заразените со омикрон во Хрватска

Објавено пред

Хрватскиот институт за јавно здравје денеска објави дека сите контакти на заразените со омикрон-варијантата на коронавирус одат во 14-дневен карантин, без оглед дали се вакцинирани или веќе прележале Ковид-19.

„Доколку изворот е заразен со омикрон-варијанта или постои епидемиолошки сомнеж дека се работи за тој вид, сите контакти, без разлика на статусот на вакцинација и прележана болест, ќе подлежат на 14-дневен карантин и треба да се тестираат со ПЦР-тест на почеток и на последниот ден од карантинот“, стои во ревидираните препораки, а пренесе агенцијата „Хина“.

Хрватскиот завод исто така наведува дека ако варијантата на омикрон е исклучена со секвенционирање, 14-дневниот карантин се прекинува, а контактите понатаму се третираат како оние изложени на веќе присутните варијанти на вирусот.

Хрватскиот завод за јавно здравје синоќа го потврди третиот случај на омикрон варијантата на коронавирус.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ангел Димитров: Република Северна Македонија не е подготвена да почне преговори за членство во ЕУ

Објавено пред

Тешко е дека постои земја што повеќе од Бугарија би посакувала пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија. Но, секогаш има големо „но“, тоа ја одредува подготовката на земјата кандидат. Би сакал да кажам дека РСМ е подготвена да почне преговори за ова прашање, но не гледам причина за тоа“, изјави Ангел Димитров, копретседавач со бугарско-македонската историска комисија, во интервју за бугарски медиум.

Најави дека следниот состанок на заедничката историска комисија ќе се одржи в четврток.

„Ќе разговараме за тоа што го зборуваме 5 седници по ред. Заглавени сме во 10-11 век – крајот на Првото Бугарско Кралство, времето на цар Самуил и неговите наследници. Не остана време за разговор за заедничкото чествување на Гоце Делчев“, вели тој.

Според него, постои неподготвеност од страна на Република Северна Македонија да работи според научните принципи. Смета дека карактеристика на историската наука е упатувањето и почитувањето на фактите, изворите.

„За нив, ова е лизгава патека бидејќи нема историски докази да се зборува за постоењето на македонскиот народ, македонската држава и Самуил да биде македонски цар и врз основа на тоа да се почне сериозна дискусија“, вели Димитров.

Смета дека политичарите се секогаш на потег кога се во прашање билатералните односи.

„Историјата влијае насекаде, историјата дава аргументи, им помага на политичарите да ги разберат корените на современите проблеми, но тие не се оние што ги одредуваат односите. Целата одговорност е на политичарите“, додава тој.

Запрашан за иднината на заедничката бугарско-македонска комисија, бугарскиот копретседавач истакна дека колку и да изгледа бесплодна нејзината работа, таа го привлекува вниманието на јавноста во двете земји.

„Прашањето ги засега луѓето – читаат. Комисијата е показател за состојбата на билатералната комуникација“, рече Димитров.

Прикажи повеќе...

Регион

Прв ковид-отказ во Хрватска, наставник одбил да се вакцинира и останал без работа

Објавено пред

Прв отказ поради одбивање вакцина против коронавирус во училиште во Хрватска. Се работи за наставник од Техничкото училиште во градот Бјеловар. Тој не доаѓал на работа од 16 ноември, бидејќи не сакал ниту да се вакцинира, ниту да се тестира.

Како што наведуваат од училиштето, на отказот му претходеле две предупредувања. Во училиштето бил вработен од 1 септември оваа година.

„ Причината за раскинувањето на договорот е несогласување со мерките, морам да кажам дека мојот колега не правеше скандали, не се закануваше, не доаѓаше на училиште, едноставно не се согласуваше со воведената мерка и не доаѓаше на работа од нејзиното воведување“, рече Дарио Малогорски, директор на училиштето.

„ Во оваа ситуација ова е најдоброто решение. Не можам да навлегувам во неговите принципи, но потенцирам, мојот колега беше навистина коректен, освен што не дојде на час, па моравме да организираме замени“, изјави директорот.

Училиштето ќе објави оглас за вработување на нов наставник.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа2 часа

Белорусија воведува ембарго за производи од непријателски земји, меѓу нив и Македонија

Официјален Минск од следната година ќе воведе ембарго на стоки од земји кои водат непријателска политика кон Белорусија, соопшти прес-службата...

Европа3 часа

Банкнотите на еврото преку нов дизајн ќе промовираат различност и инклузивност

Европската централна банка (ЕЦБ) во понеделникот објави дека планира да ги редизајнира банкнотите на еврото во следните три години за...

Македонија5 часа

Вкупно 16 починати и 375 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 2.744 тестирања, а регистрирани се 375 нови случаи на...

Европа5 часа

Објавени нови сателитски снимки од руска војска на украинската граница

Американските медиуми продолжуваат да презентираат докази за руска акумулација на сили по должина на границата со Украина и подготовки за...

Економија8 часа

За еден месец, гасот поскапел повеќе од 5 отсто, а лебот 3,8 проценти

Кај гасот за домаќинствата, лебот и житото и кај туристичките аранжмани во ноември бил забележан најголем пораст на трошоците во споредба...

Македонија9 часа

Лажен оџа и неговите соработници осомничени за полов напад врз 9-годишно девојче и за измами во Гостивар

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице, кое лажно се претставувало како оџа и...

Македонија10 часа

Тетово привремено го укина јавниот превоз, од Општината велат дека претпријатието е во хаос

Јавниот автобуски превоз во Тетово е привремено стопиран по четири месеци. Општина Тетово како причини за прекинот го наведе работењето...

Македонија10 часа

Ангел Димитров: Република Северна Македонија не е подготвена да почне преговори за членство во ЕУ

Тешко е дека постои земја што повеќе од Бугарија би посакувала пристапување на Република Северна Македонија во Европската Унија. Но,...

Европа11 час

Компанијата „Фајзер“ обвинета за ширење лаги за вакцината на „Астра зенека“, дури и дека предизвикува рак

Фармацевтскиот гигант „Фајзер“ е обвинет дека подмитувал експерти за да ја дискредитираат вакцината против Ковид-19 на „Астра зенека“, пренесуваат светските...

Македонија11 час

Заев ги информираше коалиционите партнери за постигнатиот договор со Алтернатива

Претседателот на Владата, Зоран Заев имаше средба со лидери на партии од владината коалиција на која ги запозна со постигнатиот...

Свет11 час

СЗО: Крвната плазма да не се користи во третманот на болните од Ковид-19

Крвната плазма земена од оздравени пациенти не треба да се користи во третманот на луѓе заболени од Ковид-19, а кои...

Свет13 часа

Путин и Бајден преку видеоврска за многубројни прашања

Рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Џо Бајден, денеска ќе имаат виртуелен самит на кој ќе разговараат за многубројни...

Свет13 часа

САД ги предупреди граѓаните за Божик да не патуваат во Франција и Португалија

САД ги повикаа своите граѓани да избегнуваат да патуваат во десетина земји, вклучително и Франција и Португалија, поради зголемениот број...

Свет14 часа

(Видео) Силно невреме направи хаос на Хаваите – поплавени улици, откорнати далноводи

Силно невреме проследено со силен ветер и екстремно силен дожд денеска ги поплави патиштата и ги откорна далноводите на Хаваите....

Топ1 ден

Пронајдена лабараторија за производство на дрога во викендичка во Катланово

Лабораторија за производство на дрога е пронајдена во викендичка во с.Градмановци, Катланово. „Полициски службеници од СВР Скопје- Единица за недозволена...

Регион1 ден

Прв ковид-отказ во Хрватска, наставник одбил да се вакцинира и останал без работа

Прв отказ поради одбивање вакцина против коронавирус во училиште во Хрватска. Се работи за наставник од Техничкото училиште во градот...

Свет1 ден

Кортунов: Не е веројатен компромис помеѓу Бајден и Путин

Андреј Кортунов, претседател на рускиот совет за надворешни работи, кој е близок до Министерството за надворешни работи, рече дека двете...

Регион1 ден

Пропадна владината одлука – во Словенија нема да има задолжителна вакцинација

Словенечкиот Уставен суд пресуди дека владиниот декрет со кој се воведува задолжителна вакцинација за државните службеници е неуставен. Новото правило...

Македонија1 ден

Деспотовски ги покани Ковачевски и Ременски, заедно да ги презентираат програмите

Јован Деспотовски, еден од тројцата кандидати за лидер на СДСМ, ги покани другите двајца Димитар Ковачевски и Фросина Ременски заеднички...

Свет1 ден

Објавен документ на американските служби: Русите ќе ја нападнат Украина со 175.000 војници?

Не стивнуваат тензиите меѓу Москва, Киев и Вашингтон поради шпекулациите дека рускиот претседател Владимир Путин подготвува инвазија на Украина. Сега...

Досие