Контакт

Регион

Дачиќ: Косово не знае што сака

Објавено пред

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ порачал дека изјавата на неговиот косовски колега Хашим Тачи околу тоа дека Србија не може да го надмине експанзионистичкиот менталитет, покажува дека „Приштина не знае што сака, дијалогот или, пак, слепо прифаќање на нивните желби“, пренесува Танјуг.
 

dobivaj vesti na viber

Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ порачал дека изјавата на неговиот косовски колега Хашим Тачи околу тоа дека Србија не може да го надмине експанзионистичкиот менталитет, покажува дека „Приштина не знае што сака, дијалогот или, пак, слепо прифаќање на нивните желби“, пренесува Танјуг.

 

 

Во ситуација кога бриселскиот дијалог е статусно неутрален, бесмислено е да се одговара на провокациите направени од страна на Тачи, порачал Дачиќ.

 

„Да се обвинува Србија за експанзионализам, кога се обидува да се легализира насилното и еднострано нарушување на нејзиниот територијален интегритет и кога скоро секојдневно се говори за голема Албанија, со што би се нарушил територијалниот интегритет на уште неколку земји, е врвно лицемерие“, изјавил српскиот министер.

 

Дачиќ додал дека Србија јасно се определила за дијалог и стабилност во регионот, но изгледа дека „на конструктивноста на Белград во Приштина се гледа како на слабост“.

 

„На Тачи мора да му биде јасно дека поминаа времињата кога со Србија се разговараше по принципот на `земи или остави`“, порачал Дачиќ./крај/мф/бс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Поскок касна девојче на Јадран: седела со родителите на плажа кога се слушнал вресок

Објавено пред

Кон крајот на август едно украинско семејство доживеало сериозен инцидент за време на нивниот одмор во Хрватска. Додека се релаксирале на плажата со камчиња во заливот Дубовица на Хвар, нивната петгодишна ќерка била касната од отровна змија.

dobivaj vesti na viber

„За време на ручекот девојчето си играше со своите пријатели во близина на кафулето на неколку метри од нас. Одеднаш дотрча и рече дека ја каснала змија, не можевме да веруваме“, вели Марта (31), која сè уште лежи со своето дете во КБЦ – Сплит на лекување, за 24sata.hr.

Мајката исто така истакнува дека на детето веднаш му се слошило, почнало да повраќа и да ја губи свеста, а ногата, каде што било каснато, целосно помодрела.

„Сопственикот на кафулето веднаш повика брза помош. За да забрза, нè однесе до патот со својот автомобил. На пат кон градот се префрливме во брзата помош, која нè однесе до хеликоптерот, а потоа до болницата во Сплит. За време на возењето детето постојано ја губеше свеста и повраќаше, беше ужасно да се гледа“, рече мајката.

Таа додаде дека за помалку од еден час биле во Сплит.

„Ногата постепено помодрувуше на местото на каснувањето. Болницата потврди дека станува збор за змија. Кога пристигнавме во болницата, на детето му беше даден противотров и нè предупредија за можни компликации со ногата. По противотровот, детето се чувствуваше подобро, но ногата беше отечена. Ќерката беше на интензивна нега“, вели мајката.

Лекарите се потрудиле да ѝ ја спасат ногата на малата Украинка, а мајката истакнува дека сè било многу исцрпувачки.

„Ни кажаа дека постои сериозен ризик да ја изгуби ногата. Следното утро лекарите ме повикаа и ми рекоа дека е потребна итна операција“, додава мајката, која признава дека ѝ било тешко да ги потпише документите за да го однесе своето дете на таква операција.

По операцијата, која била успешна, детето било префрлено на хируршкото одделение. Таа сè уште е во болница, а вчера била подложена на уште една операција за затворање на раните.

„Тешко ми е дури и да ја погледнам. Нозете ѝ се полни со конци, сè уште прима инфузии и антибиотици. Но, лекарите направија чудо. Ѝ го спасија животот, но и ногата. Бескрајно сум им благодарна“, вели мајката.

Фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Невреме во Умаг: поплавени улици, речиси 2.000 удари од гром регистрирани во изминатите 2 часа

Објавено пред

Силна бура и обилни врнежи од дожд го погодија подрачјето на Умаг во Истра утрово.

dobivaj vesti na viber

До 7:30 часот наутро веќе наврнаа 84 мм дожд, а словенечката станица во Порторож исто така измери над 50 мм. Исто така, се регистрира екстремно силна активност на грмотевици, со речиси 2.000 удари од гром регистрирани во изминатите 2 часа, а атмосферата не покажува знаци на смирување, објавува ИстраМет.

Порталот Неверин објавува дека наврнале 100 мм дожд за помалку од еден час.

За денес и утре во Хрватска е најавено нестабилно време со локални врнежи од дожд и грмотевици, а издадени се предупредувања за потенцијално опасно време за некои региони.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Регион

Кремљ негира вмешаност во инцидентот со ГПС со авионот на Урсула фон дер Лајен во Бугарија

Објавено пред

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги отфрли тврдењата дека Русија се мешала во услугата на Глобалниот систем за позиционирање (ГПС) во времето кога авионот на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, требаше да слета во градот Пловдив, Бугарија.

dobivaj vesti na viber

„Вашите информации се лажни“, изјави Песков за „Фајненшл тајмс“, кој прв ја објави веста.

Претходно денес, британскиот весник „Фајненшл тајмс“ напиша дека наводното руско мешање довело до прекини во ГПС навигацијата на авионот за време на приближувањето кон аеродромот.

Портпаролката на Европската комисија, Аријана Подеста, изјави дека инцидентот со летот на претседателката Урсула фон дер Лајен за Бугарија ја истакнал важноста на нејзината мисија во земјите-членки на првата линија.

Таа потврди дека, според информациите добиени од бугарската влада, наводниот руски напад врз Фон дер Лајен за време на нејзиниот лет во неделата ги оневозможил ГПС навигациските услуги на аеродромот Пловдив, принудувајќи го авионот да слета.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

„Дали службите за безбедност и разузнавање под водство на кадри на СДС го следеле и прислушкувале Мицкоски со знаење на обвинителот Коцевски“, прашува ВМРО-ДПМНЕ

„Злоупотребата на институциите во партиски и политички цели веќе е видено сценарио од СДС, поинаку тие и не знаат. Разликата...

Македонија34 минути

Филипче: СДСМ бара итна декласификација на документите од случајот со АНБ

СДСМ бара итна декласификација на целата документација од случајот кој власта во јавноста го презентираше како афера за прислушкување, наведува...

Свет2 часа

Трамп му пиша на Кси: Големи поздрави до Путин и Ким, со кои се заговоривте против нас

Додека во Пекинг се одржуваше голема воена парада каде што Кина презентираше ново оружје, американскиот претседател Доналд Трамп објави порака...

Европа2 часа

Лавров: Шефовите на делегациите беа во контакт, очекувам преговорите со Украина да продолжат

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека Москва очекува преговорите меѓу Русија и Украина да продолжат, но...

Свет3 часа

(Фото) Демонстрација на сила во Пекинг, Кина покажа ново оружје, Кси порача: Незапирливи сме

Кина претстави низа нови оружја, вклучувајќи балистички ракети на нуклеарен погон, ласери и џиновски подводни дронови, на големата воена парада...

Европа3 часа

(Видео) Големо невреме во Трст: поплавени улици, водата ги носеше автомобилите

Големо невреме со грмотевици го погоди Трст вчера вечер, околу 19 часот. За само неколку минути, наврнаа приближно 40 милиметри...

Европа3 часа

Фицо по средбата со Путин: Имам неколку пораки за Зеленски

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека по средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Кина, имал „неколку заклучоци и пораки“...

Македонија12 часа

„Вардариште е канцер“ – граѓаните утре повторно на протест во Ново Лисиче

И вечерва, како и во претходните денови, жителите на Ново Лисиче и Аеродром се жалат дека се чувствува мирис на...

Македонија16 часа

Ахмети: Да сакавме да ја поделиме Македонија, тоа ќе го сторевме во 2001 година

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, од партиски собир во Чаир порача дека тврдењата оти Албанците сакаат да ја поделат Македонија...

Македонија17 часа

Родители протестираат за бесплатен превоз за средношколците наместо поскапо сместување во дом, МОН смета дека решениeто е во интерес на учениците

Законското решение кое го регулира превозот на учениците е ново, заеднички изработено со сите засегнати чинители и претставува одговор на...

Македонија19 часа

Обвинителство: Детално ќе ги испитаме наводите за нелегално прислушување

Јавното обвинителство нема никаква можност за незаконско следење на комуникациите, велат од Јавното обвинителство. Од таму додаваат дека Обвинителството единствено...

Македонија20 часа

Напаѓачот на Арсовска доби казна од две години затвор

Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда со која напаѓачот на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, е осуден на две години...

Македонија22 часа

(Видео) Филипче за случајот АНБ: Наместо лов на вештерки, темелна истрага и декласификација

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денес одговори на прашањето во врска со наводите за следење на премиерот и други функционери,...

Македонија22 часа

Пенов и Пановски главни адути за локалните избори во Скопје од ЛДП

Поранешниот градоначаник на Скопје, Ристо Пенов, и актуелниот советник во Град Скопје од ЛДП и епидемиолог, Никола Пановски, се главни...

Македонија22 часа

Мицкоски за прислушувањето: Нема да има селективна правда, ќе има одговорност и правна разрешница

Нашата определба за партнерство и транспарентност е тесно поврзана со европската иднина на државата. Процесот на приближување кон Европската Унија...

Топ22 часа

(Вознемирувачко) Малолетнички тепале девојче во Чаир, го снимиле нападот и го објавиле на социјалните мрежи

На социјалните мрежи е објавено видео со вознемирувачка содржина на кое се гледа како малолетнички тепаат друго девојче. Од МВР...

Македонија22 часа

Студентите може да добијат повеќе пари за субвенциониран оброк, но в година тоа ќе зависи од буџетот на државата, вели Јаневска

Зголемување на сумата од 140 денари што сега ја добиваат студентите за оброк може да има, но не оваа, туку...

Македонија22 часа

Ексдиректорот на АНБ тврди: Мицкоски не бил прислушуван

Христијан Мицкоски во периодот од 2019 до 2024 година како лидер на тогашна опозициска партија не бил предмет на посебен...

Македонија1 ден

Два активни пожара на територијата на Македонија, три под контрола

Во изминатото деноноќие, до 08:00 часот утрово, на територијата на Македонија регистрирани се вкупно 18 пожари на отворен простор, од...

Македонија1 ден

„И официјално потврдено: Мицкоски и новинари биле следени, СДС на Филипче направил груб упад на системот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Мора да се стави крај на злоупотреба на безбедносните служби и да има одговорност за следењето на јавни личности, на...