Регион
Давутоглу: Турската воена операција може да ја промени рамнотежата во Сирија и Ирак

Воздушните напади, кои ги покрена Турција против Исламската држава и бунтовниците од Работничката партија на Курдистан (ПКК) би можеле да ја „изменат рамнотежата“ во Сирија и Ирак, оцени во понеделникот турскиот премиер Ахмет Давутоглу.
Воздушните напади, кои ги покрена Турција против Исламската држава и бунтовниците од Работничката партија на Курдистан (ПКК) би можеле да ја „изменат рамнотежата“ во Сирија и Ирак, оцени во понеделникот турскиот премиер Ахмет Давутоглу.
„Присуството на Турција, која може ефикасно да користи сила,може да ја промени рамнотежата во Сирија, Ирак и во целиот проблем. Цел свет треба да биде свесен поради тоа“, рече Давутоглу.
Во разговор со турските медиуми, Давутоглу рече дека Турција нема намера да упати копнени единици во Сирија.
„Нема да упати копнени единици на сириска територија, но не сакаме Исламската држава да биде близу турската граница“, рече Давутоглу.
Тој ја оправда турската офанзива со самоубиствениот напад во Суруч, во кој загинаа 32 лица, како и со смртта на еден турски војник.
Турскиот премиер одби да изнесе детали од договорот за САД и користењето на воената база Инџирлик за воздушни напади на меѓународната коалиција предводена САД.
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во петокот изјави дека неговата држава прифати САД да ја користат нејзината воздухопловна база Инџирлик за воени операции против џихадистите.
Ердоган не изнесе детали за договорот кој тој го постигнал во телефонски разговор со американскиот претседател Барак Обама. /крај/мф/ап
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета од патот. Ова е третата жртва на ужасната сообраќајна несреќа.
Како што објави „Н1“, лицето загинало за време на операцијата.
Како што претходно беше објавено, возачот на автобусот е приведен и во притвор до 48 часа.
Повредени се околу 80 лица. Причините за несреќата засега не се познати.
Регион
Вучиќ: Србија ќе се приклучи на развојот на руската вакцина против рак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека разговарал со Александар Кецман, директор на Институтот „Гамалеја“ во Москва, кој го информирал дека во Русија се развива вакцина против рак.
„Ми објаснија одредени работи. Имаме голем процент на заболени од рак. Оваа вакцина е поинаква, бидејќи им помага на веќе болните луѓе — не е превентивна. Може да биде успешна до 85 проценти,“ рече Вучиќ.
Тој додаде дека Србија ќе се вклучи во проектот веднаш штом Русија го дозволи тоа:
„Ќе подготвиме целосна инфраструктура за да бидеме спремни за два до три месеци. Не можеме уште да ја произведуваме, но ќе направиме сè за да бидеме подготвени.“
Вучиќ нагласи дека во Србија има повеќе случаи на малигни заболувања отколку во другите земји, што, според него, е поврзано со последиците од бомбардирањето во 1999 година.
Регион
Возачот на автобусот приведен по тешката несреќа кај Сремска Митровица: две жртви и 80 повредени

Возачот на автобусот кој денеска се преврте кај Сремска Митровица е приведен и му е одредено задржување до 48 часа, соопшти српското Министерство за внатрешни работи (МУП), пренесе „Н1“.
Во несреќата загинаа две лица, а околу 80 се повредени. 35 повредени лица се згрижени во Општата болница во Сремска Митровица, една личност е пренесена во Клиничкиот центар на Војводина, а уште една е во операциона сала. За останатите се врши дијагностика.
Автобусот на компанијата „Сирмиум бус“, кој превезувал работници од фирмата „Хелткеар“, излета од патот и се преврте на кров од засега непознати причини. Несреќата се случи околу 14:45 часот.
Полицијата го затвори патот и не дозволува пристап до местото на несреќата, а на лице место излезен е и јавен обвинител за да ја утврди причината за трагедијата.