Регион
Демонстрантите во Подгорица се обидоа да влезат во владата
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/podgorica20protest.jpg)
Работниците на никшичкото претпријатие „Металац“ кои деноноќно од 15-ти септември протестираат пред зградата на црногорската влада, се обидоа во четвртокот да влезат во владините простории каде што кабинетот на премиерот Мило Ѓукановиќ ја одржуваше редовната седница.
На протестот се собраа повеќе од 1.500 луѓе кои го изразуваа незадоволството од начинот на кој е направена приватизацијата во повеќето црногорски претпријатија, од актуелната економска состојба во земјата, како и од третманот на работниците во пропаднатите фирми. Работниците во два наврата се судрија со полицијата којашто со помош на припадниците на специјалните единици го спречи нивното влегување во зградат на владата на Црна Гора, пренесуваат електронските медиумите во Подгорица.Конечно водачите на протестот се одлучиле во владата да испратат делегација којашто ќе преговара за барањата на работниците. Работниците од „Металац“, меѓу другото, бараат и да им се исплатат 14 заостанати плати и да им се осигурат отпремнини. Иако по разговорите меѓу делегацијата на работниците и кабинетот на премиерот Ѓукановиќ наводно е договорено владата да исполни поголем дел од работничките барања, тие сепак, изјавија за медиумите дека никому повеќе не веруваат, и оти се одлучиле и натаму да протестираат се додека договорот и официјално не биде потврден./крај/мф/сн
Извор: Вијести
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Регион
Во БиХ утре нов дводневен бојкот на продавниците
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/prodavnici.jpg)
На иницијатива на граѓаните утре ќе има нов дводневен бојкот на пазарењето во трговските центри и супермаркетите во Босна и Херцеговина.
Неформалните група преку социјалните мрежи повикаа на нов бојкот како одговор на постојаното поскапување на основните прехранбени производи и покрај најавите на владините тела и мерките за нивно ограничување.
Министерот за трговија на БиХ, Амир Хасичевиќ изјави дека Владата планира да ги намали цените и да ги задржи на пониско ниво за најмалку 50 основни прехранбени производи, во обид да ги намали вкупните трошоци за живот на граѓаните.
Според податоците на даночните управи првиот бојкот на продавниците што го организираа граѓаните на БиХ на последниот ден од јануари не бил успешен.
Граѓанските иницијативи во БиХ, Хрватска и соседните земји продолжуваат да вршат притисок врз властите и трговските синџири со цел да се спречат понатамошни неоправдани поскапувања на основните потреби, според медиумите во регионот.
Регион
(Видео) Грабеж на банка во Мостар, чуварот со голи раце тргнал кон вооружениот разбојник
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-06-192004.jpg)
Обид за вооружен грабеж се случил денеска во експозитура на банка во Мостар, јавуваат медиумите во регионот.
Маскирано лице со пиштол влегло во банката, а обезбедувањето го ризикувало животот тргнувајќи по него со голи раце, пренесува „Аваз.ба“.
Откако се борел со обезбедувањето, напаѓачот избегал од банката.
Според написите на тамошните медиуми, разбојникот набрзо бил уапсен.
Регион
Маж застрелал куче кое му влегло во дворот во Славонски Брод
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2025/02/Screenshot-2025-02-06-214338.jpg)
Полициската управа пријавила дека вчера околу 19 часот во Славонски Брод 79-годишен маж со воздушна пушка пукал во куче кое без надзор влегло во неговиот двор. Кучето потоа умрело од повредите здобиени за време на операцијата во ветеринарна клиника.
Според полицијата, полициските службеници од 79-годишниот маж одзеле регистрирана воздушна пушка и против него поднеле посебен извештај како дополнување на кривичната пријава до општинското државно правобранителство во Славонски Брод поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело убивање или мачење животни.
Потоа, на 49-годишник изречена му е прекршочна мерка од Законот за прекршоци против јавниот ред и мир затоа што не чувал животни под надзор.