Регион
Десет мигранти се удавија крај турскиот брег
Десет луѓе, од кои пет се деца, се удавија, а 43 се спасени откако чамец со имигранти на пат за Грција потона во близина на западниот брег на Турција, пренесуваат во саботата тамошните медиуми.
Како што пренесува агенцијата Dogan, повикувајќи се на крајбрежната стража на Турција, чамецот со имигрантите пловел кон грчкиот остров Лезбос, еден од главните грчки острови преку кои имигрантите влегуваат во Европската унија, кој е на само неколку километри од егејскиот брег на Турција.
Меѓу жртвите се државјани на Авганистан, Мјанмар и Сирија. Според турската крајбрежна стража, нивниот чамец испловил тргнал од близина Бадемли, село во покраината Чанаккале, во немирно море.
Егејските турски покраини Чанаккале, Баликешир, Измир, Мугла и Ајдин се местата од кои имигрантите од источните земји се обидуваат да стигнат до земјите во западна и северна Европа во потрага по подобар живот.
Во текот на изминатата 2015 година повеќе од 1,1 милион бегалци пристигнаа во Европската унија, од кои над 850.000 пристигнаа по кусиот но опасен поморски пат меѓу Турција и Грција, според податоците на Меѓународната организација за миграции (IOM).
Од почетокот на годинава 805 луѓе ги загубија животите во Егејското Море, а 218 на турското крајбрежје. Само во првиот месец од 2016 година повеќе од 52.000 луѓе преку морето стасале до Грција, според IOM./крај/мф/сн
Извор: Dogan
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

