Регион
Директорот на CIA во Сараево разговарал со шефот на разузнавањето на БиХ

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (CIA), Џон Бренан, во саботата ја заврши дводневната посетата на Сараево со состанокот со првиот човек на Разузнавачко-безбедносната агенција на БиХ (OSA), Осман Мехмедагиќ, пренесуваат локалните медиуми.
Бренан со Мехмедагиќ се сретнал во седиштето на OSA во Сараево, а порталот на дневниот весник Dnevni avaz забележува дека разговорот траел околу еден час. На новинарските екипи не им беше овозможен пристапот до седиштето на Министерството за внатрешни работи на Федерациата БиХ во чиј еден дел е сместена главната канцеларија на разузнавачката агенција. Не се објавени никакви информации за темата на разговорите.
Директорот на CIA во Сараево допатува од саудиската престолнина Ријад, а во петокот се сретна со челниците на сите полициски и безбедносни служби во Босна и Херцеговина, на Обвинителството на БиХ, а некои од нив дополнително потврдија дека станало збор за различните форми на безбедносна соработка меѓу двете земи, вклучително и борбата против тероризмот.
„Зборувавме за соработката и координацијата на полициските агенции во БиХ, за странските борци, радикализацијата и дерадикализацијата и стратегијата на БиХ за борбата против тероризмот“, рекол Мисад Вилиќ, директор на Директоратот за координација на полициските тела во БиХ.
Додал дека Бренан ја пренел пораката дека САД ја доживуваат БиХ како партнер во борбата против тероризмот, и ветил помош, вклучително и со размена на разузнавачките податоци.
Посетата на Бренан на БиХ, не е прва од овој вид. Земјата и претходно ја посетуваа и неговите претходници на челото на CIA, Давид Петреус и Мајкл Хајден./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Вучиќ во посета на повредените од пожарот во дискотеката во Кочани

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска ќе ги посети повредените од пожарот во дискотека во Кочани, соопшти Канцеларијата за односи со медиумите на претседателот на Србија.
Тој ќе ги посети повредените во 15 часот во Универзитетскиот клинички центар на Србија.
Во Србија синоќа од Македонија пристигнале 17 повредени, а се очекува да пристигнат уште 12.
Македонија
Србија испраќа нов авион за транспорт на уште 12 пациенти од пожарот во Македонија

На барање на Владата на Република Северна Македонија, денеска продолжува помошта и евакуацијата на повредените во пожарот во Кочани, соопшти српското министерството за одбрана.
„За целите на медицинска евакуација, уште еден авион на српската армија CASA C-295 со четворица лекари и четворица медицински техничари полета за Северна Македонија. Планирано е 12 пациенти да бидат евакуирани со авион. Потсетуваме дека синоќа 12 пациенти кои беа лекувани во Воено-медицинската академија и Клиничкиот центар на Србија, исто така, се превезени со воздухопловство на Србија“.
Покрај авионот, денеска во Северна Македонија беше испратено и амбулантно возило со медицински тим од Воената болница во Ниш за да ги превезе пациентите кои ќе бидат хоспитализирани во таа болница, пренесуваат тамошните медиуми.
Шест членови на Воено-медицинската академија останаа во Северна Македонија – двајца хирурзи, анестезиолог и двајца медицински техничари – инструментари за да им пружат помош на повредените.
Со авион на српската армија во неделата вечерта во Белград беа пренесени 12 пациенти.
По трагедијата во Кочани, 18 март во Србија е прогласен за Ден на жалост.
Регион
Ден на жалост во Црна Гора поради трагедијата во Кочани: „Толку несреќи на малиот Балкан за кратко време“

Во Црна Гора денеска е Ден на жалост по невидената трагедија во Македонија, кога во пожар во дискотека во Кочани загинаа најмалку 59 лица, а над 100 беа повредени. Знамињата на сите државни институции од утрово се спуштени на половина копје, а граѓаните во неверување по хоророт што се случи.
„Ова е наша братска земја, наша Македонија. Сите овие изгубени животи се огромна тага и огромна трагедија. Толку млади луѓе загинаа. Сето ова многу не погодува, толку многу несреќи на малиот Балкан, за кратко време“, вели за РИНА Ивана Б. од Подгорица.
Парламентот на Црна Гора изрази сочувство до семејствата на жртвите и граѓаните на Северна Македонија.
Сочувство изрази и премиерот Милојко Спајиќ кој изјави дека веста за трагичниот настан ја примил со голема тага.
„Владата на Црна Гора е подготвена да застане покрај пријателскиот народ на Северна Македонија на сите неопходни начини во ова тешко време. Изразувам длабоко сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените им посакувам брзо закрепнување. Нашите мисли и молитви се со Северна Македонија“, рече Спајиќ.
Во Србија утре е прогласен ден на жалост по трагедијата во Македонија.