Регион
Двајца од уапсените на Косово биле припадници на IS?
Двајца од петмината осомничени за подготовка на терористичките напади кај езерото Бадовац, во Косово се припадници на екстремистичката организација Исламска држава и во текот на 2013 и 2014 година биле во воената зона во Сирија, пишува приштинскиот весник Zeri.
Според информациите кои ги објави весникот, уапсениот Бесник Латифи (38) од Косовска Митровица бил во воената зона во Сирија два пати, од 16 февруари до 22 април 2013 година, како и од 30 октомври 2013 до 16 април 2014 година, јавува Танјуг.Во исто време во Сирија бил и другиот осомничен Газменд Халили (31) од Ајвалија. Халили се вратил од Сирија на Косово во мај 2014 година и тие двајца заедно со Енис Латифи од Косовска Митровица, Милазим Хадзијај и Фехми Муса беа уапсени во саботата на 11 јули, кај езерото Бадовац во утринските часови, пишува Zeri.Весникот пренесува дека сите езера и фабрики за вода презеле дополнителни мерки за безбедност, а експерите по хемија велат дека шансите се многу мали во било кое езеро на Косово водата да се затруе без употреба на големи количини на токсична материја.
Началникот на Институтот за јавно здравје, Насер Рамадани во саботата за Косовапрес потврди дека водата во езерото Бадовац (Грачаничко езеро) од коешто со вода се снабдува повеќе од половина Приштина и Грачаница, не е затруена, а сите анализи коишто ги направил Институтот покажале дека водата е исправна.Снабдувањето со вода за дел од граѓаните на Приштина, Грачаница и околните села, Чаглавица и Ајвалија како и сите други кои се снабдуваат со вода од Грачаничкото езеро преку приштинскиот водовод, беше запрено поради сомнеж дека петмината уапсени кои се поврзуваат ос Исламската дежава, планирале да ја затрујат водата во езерот Бадовац./крај/мф/ффс
Извор: Zeri
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Бахамите го признаа Косово
Бахамите официјално ја признаа Република Косово како независна и суверена држава, соопшти косовската претседателка Вјоса Османи.
Османи го потпишала договорoт на Бахамите со премиерот Филип Брејв Дејвис. На социјалната мрежа „Икс“ беше објавено заедничко соопштение во кое се наведува дека двете земји воспоставиле дипломатски односи, кои стапуваат на сила со денот на потпишување на заедничкото комунике, во согласност со меѓународното право и Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.
Bahamas recognizes the Republic of Kosovo as a sovereign and independent state! 🇽🇰 🇧🇸
We just signed our bilateral agreement with Prime Minister @honphilipedavis. On behalf of the people of Kosovo, I extend my sincere gratitude for this decision of historic significance!
Full… pic.twitter.com/a9LLtW2BW7
— Vjosa Osmani (@VjosaOsmaniPRKS) December 19, 2025
Во соопштението се наведува дека Бахамите и Косово ја потврдиле посветеноста на целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации и изразиле намера да развиваат соработка во области од заемен интерес, како што се трговијата, туризмот, образованието, културата, технологијата и јавниот сектор.
Двете земји изразиле очекување за воспоставување топло и продуктивно партнерство.
Годинава, независноста на Косово ја признаа и Сирија, Судан и Кенија.
depositphotos
Регион
Путин првпат зборуваше за НИС: Верувам дека Белград ќе ги исполни своите обврски
Рускиот претседател Владимир Путин повеќе од две децении одржува годишна прес-конференција, на која ги презентира своите политички ставови и анализи на јавноста во Русија и во странство.
За време на конференцијата, новинар од Србија го потсети рускиот претседател дека Нафтената индустрија на Србија (НИС), заедничко вложување меѓу Русија и Србија, ги трпи последиците од западните санкции. Тој го праша Путин како ја коментира оваа ситуација?
„Што се однесува до НИС, притисокот од западните санкции продолжува, а ова е показател за политичка моќ. Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски, а двете земји ќе спроведат многубројни други проекти“, рече Путин не сакајќи да се продлабочува на оваа тема.
Претходно денес, рускиот претседател изјави за „Спутник“ дека знае што се случува со компанијата НИС и дека се надева оти ќе се најде заедничко решение.
„Знаеме што се случува со компанијата НИС. Имаме меѓудржавен договор и претпоставуваме дека пријателското српско раководство ќе го земе ова предвид. Имаме идеја за насоката во која сакаме да се движиме заедно. Работиме на тоа и се надевам дека ќе го најдеме потребното решение“, рече рускиот претседател.
Тој исто така рече дека без оглед на надворешната аспирација за подобрување на односите, притисокот со санкции ќе продолжи како начин за покажување сила, пренесува „Раша тудеј“.
„Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски и дека Русија и Србија ќе спроведат многубројни други заеднички проекти“, рече тој.
НИС е под санкции на САД од почетокот на октомври поради мнозинската руска сопственост, што значително го комплицира работењето на една од најважните компании за функционирање на целата српска економија.
Рускиот „Газпромнефт“ е мнозински сопственик на НИС, а рускиот претседател рече дека земјата инвестирала повеќе од три милијарди долари во компанијата.
фото/депозитфотос
Регион
E-пошта со безбедносни закани во училиштата во Словенија: учениците итно евакуирани
Неколку основни и средни училишта низ Словенија денес добија е-пошта со безбедносни закани, а некои беа евакуирани како мерка на претпазливост, објави полицијата.
Главната полициска управа на Љубљана изјави дека реагирала веднаш по приемот на заканувачки пораки, собрала информации и ги спровела сите потребни мерки за да ја осигура безбедноста на учениците и персоналот, објави СТА.
Досега собраните податоци укажуваат дека станува збор за генерички закани, без конкретна оперативна опасност.
Полицијата процени дека ситуацијата носи мал ризик и дека нема потреба од дополнителен аларм.
Министерот за образование беше информиран за инцидентот, пишуваат медиумите.
Фото: депозитфотос

