Регион
Двајца сириски бунтовници обезглавени во Турција
Двајца сириски опозиционери и противници на џихадистите од Исламската држава, во петокот се најдени во една куќа во југоисточната турска покраина Шанлиурфа, изјавил за AFP портпаролот на групата „Рака ја масакрираат во тишина“, додека турските медиуми наведуваат дека станува збор за сириски опозициски новинари.
Телата на Ибрахим Абдулкадер, главен уредник на сирискиот весник Syrian Ayn Vatan, и Фираз Хамади, репортер во истиот весник, кои побегнале од конфликтот во нивната земја, се двајцата убиени во Шанлиурфа, пренесува турската новинска агенција Dogan.
Безживотните тела биле пронајдени од страна на нивните сириски пријатели, кои повикале полиција и брза помош. Според првичните извештаи, еден или повеќе напаѓачи, кои засега се неидентификувани, а се сомнева дека се припадници на џихадистичката Исламска држава, ги отсекле главите на своите жртви со ловечки нож.
Се тврди, исто така, дека двајцата новинари биле припадници на опозициска Слободна сириска армијa (FSA), која во сирискиот конфликт ја има поддршката од Турција и западните земји, како и дека примале смртни закани од Исламската држава поради нивните медиумски извештаи за џихадистичката организација.
Турската полиција соопшти дека истрагата продолжува, а седумте Сиријци кои ги пронашле мртвите тела и побарале помош, се во полиција каде треба да ги дадат своите искази.
Според основачот на групата „Рака ја масакрираат во тишина“, Абу Мохамад, двајцата убиени потекнувале до Рака, а нивните тела „се откриени обезглавени во петокот утрото“ во домот на Хамади.
На официјалната Facebook страница на групата основана во април 2014 година, за нивното убиство е обвинета Исламската држава. Оваа група води евиденција за злосторствата што ги извршува Исламската држава во Рака, градот во северна Сирија кој џихадистите го освоија во јануари 2014 година и важи за неформална престолнина на нивниот ткн „калифат“./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Грчките земјоделци на протести поради стопираните субвенции од ЕУ
Грчките земјоделци одржуваат протестни демонстрации низ целата земја. Нивните барања се за продолжување на исплатата на субвенции и помош.
Грчките земјоделци ја обвинуваат владата дека намерно ги прикрива оние што ги украле европските субвенции. Министерството за аграрен развој ги суспендираше сите исплати на земјоделците додека не заврши истрагата за украдените субвенции од ЕУ. Обвинителството веќе поднесе обвиненија против над сто лица кои добиле субвенции од ЕУ со лажни документи.
Стотици земјоделци од целата земја протестираат со трактори пред Министерството за аграрен развој. Главната иницијатива е од сточарите од островот Крит, кои пристигнаа специјално за демонстрациите во грчката престолнина. Во Александрополис, тие го блокираа аеродромот за да го спречат премиерот Мицотакис да го посети регионот. Во Солун, десетици трактори го запреа сообраќајот на патот кон Халкидики. Друга голема група е пред Министерството за Северна Грција. Во Лариса, сообраќајот на автопатот е исто така блокиран.
Денешните протести се само предупредување, велат земјоделците. Земјоделскиот сектор покажува подготвеност за активни протестни акции. Пратениците од опозицијата и лидерите на партиите се придружија на демонстрациите во Атина.
Регион
Поплавени куќи, затворени училишта: поројните дождови предизвикаа колапс на грчкиот остров Лезбос
Ноќните поројни дождови на грчкиот остров Лезбос ги поплавија куќите и другите објекти на западниот дел од егејскиот остров и ги принудија локалните власти да затворат неколку училишта за инспекции и поправки, објави „Екатимерини“.
Најтешко погодени беа областите Калони и Скала, а жителите ја опишаа количината вода што падна на островот како невидена.
Одлуката за затворање сите училишта во западен Лезбос беше донесена како превентивна мерка поради интензивните и продолжени поројни дождови, кои зафатија значителен дел од островот предизвикувајќи прекини во сообраќајот и зголемувајќи го ризикот од патување за учениците и наставниците, наведоа локалните власти во соопштението.
Тие исто така им советуваа на жителите да се воздржат од непотребни патувања додека не се изврши целосна процена на штетите на патот.
Фото: принтскрин
Регион
Студентите во Србија пред Генералштабот: „Ќе го браниме со нашите тела“
Студенти од неколку белградски факултети и иницијативата Ансамбл на Генералштабот ќе се соберат денес во 11 часот пред зградата на Генералштабот под слоганот „Ние сме жив ѕид“. Како што најавија, ќе упатат усно предупредување до властите на Александар Вучиќ поради нивната намера да го урнат комплексот, кој беше оштетен во бомбардирањето на НАТО, објавува Nova.rs.
Организаторите нагласуваат дека денешниот собир ќе биде само најава за идните протести.
„Маршот од центарот на Земун започнува во девет часот наутро, а од Студентскиот плоштад во 10 часот, па сите се собираме во 11 часот пред Генералштабот. Подготвивме две претстави, по што во 11:52 часот ќе има 16-минутен молк“, објави Валентина Морачевиќ, студентка на Факултетот за применети уметности.
По оддавањето почит на жртвите, студентите ќе упатат јасно предупредување до Владата. „Кога ќе заврши оддавањето почит на жртвите во Нови Сад, ќе имаме усно предупредување за властите. Доколку не престанат со уривањето на Генералштабот, односно ако не ја заштитат зградата, ние ќе ја браниме со нашите тела“, нагласува Валентина.
Фото: ЕПА

