Регион
Еден војник и двајца борци на PKK убиени во југоисточна Турција

Војник и две лица за кои постојат сомневања дека се припадници на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) загинале во средата во судирите кои уследија по напад врз воена позиција во југоисточна Турција, објави турската армија.
Курдските бунтовници со ракетни фрлачи нападнале воена позиција во селото Озекли, во близина на Дијарбекир, каде што живее претежно курдско население.
Во нападот најмалку еден војник бил ранет, но тој починал во болница, а во престрелките кои уследиле биле ранети уште пет турски војници, објави армијата која нападот го припишува на PKK чија тактика е напад врз воени и полициски пунктови, краткотрајна престрелка и повлекување.
Турската армија соопшти дека во операцијата спроведена како одговор на серијата напади од 10-ти август кога загинаа пет турски полицајци и еден војник, во судирите во покраината Хакари бил убиен Бариш Текче, висок член на PKK. Извести, исто така, дека 20 бунтовници се предале без муниција и оружје, во покраините Ширнак, Хакари и Бингол.
Полицијата во Дијарбекир истовремено соопшти дека привела можен бомбаш-самоубиец во градот, наводно припадник на PKK./крај/мф/сн
Извор: Hurriyet
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.
Регион
(Видео) Турист падна во базен откога му се откопча падобранот за време на парасејлинг во Црна Гора

Турист доживеа опасен инцидент за време на парасејлинг во Бечичи, откако поради силен ветер му се откопча падобранот.
Снимка од инцидентот кој можел да заврши трагично беше објавена на популарната страница Подгорички времеплов, со опис:
„Туристот имал многу среќа што поминал без повреди. Имено, станува збор за странски државјанин кој во Бечичи останал неповреден кога поради силен ветер се откопчал падобранот што го влечел глисер. Туристот паднал во базен. Станува збор за адреналинскиот спорт парасејлинг.“
View this post on Instagram
Полицијата, според досегашните информации, не добила пријава за овој инцидент.