Регион
Еден загинат во невремето во БиХ и големи материјални штети

Едно лице загинало, а голем број станбени и стопански објекти се оштетени на подрачјата на повеќе области во централниот и северниот дел од Босна и Херцеговина кои ноќта кон неделата ги зафати невреме проследено со град и силен ветер, објавија во неделата службите за цивилна заштита.
Едно лице загинало, а голем број станбени и стопански објекти се оштетени на подрачјата на повеќе области во централниот и северниот дел од Босна и Херцеговина кои ноќта кон неделата ги зафати невреме проследено со град и силен ветер, објавија во неделата службите за цивилна заштита.
Според изјави на очевидци, повозрасен маж најверојатно смртно настрадал кога во ноќните часови бил однесен од надојден порој на реката Јошавка, во селото Чиленац крај Бања Лука. Полицијата потврдила дека утрото во неделата телото на 65-годишникто било пронајдено крај коритото на реката.
Во градовите Добој и Грачаница, невремето поплавило повеќе објекти, а градот предизвикал големи оштетувања на покривите од приватните куќи. Првичните информации од службите за цивилна заштита се дека само во Грачаница се оштетени речиси илјада различни објекти, бидејќи зрната град кои паѓале биле со големина како јајце од кокошка.
Невремето погодило и делови од Херцеговина, каде што поради тоа имало делумни прекини во снабдувањето со електрична енергија./крај/мф/сн
Извор: ONASA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.