Регион
ЕК: Србија и Косово мора да го почитуваат Бриселскиот договор

Двете страни во дијалогот за нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово мора да го применат она што е договорено, изјави портпаролката на Европската комисија (ЕК), Маја Коцијанчич, пренесуваат српските медиуми.
Двете страни во дијалогот за нормализацијата на односите меѓу Србија и Косово мора да го применат она што е договорено, изјави портпаролката на Европската комисија (ЕК), Маја Коцијанчич, пренесуваат српските медиуми.
„Сé што е договорено во контекст на дијалогот треба да се примени, без оглед на внатрешните процедури кои не сакаме да ги коментираме“, порачала Коцијанчич во одговор на прашањето за реакцијата на Брисел околу одлуката на Приштина за одложувањето на договорот за Заедницата на српските општини (ЗСО).
Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека Србија ќе има сериозен одговор на најавите од Приштина за суспензија на договорот за формирање ЗСО, кој ќе следи во следните неколку дена./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.