Контакт

Регион

Екс британскиот премиер Блер им одржал предавање на српските министри

Објавено пред

Поранешниот британски премиер Тони Блер престојувал во средата во српската престолнина Белград и во еден од државните објекти во престижната населба Дедиње им одржал политичко предавање на српските министри, објави телевизијата Б92, а потврда да за посетата на Блер на Белград добиле и други медиуми.

dobivaj vesti na viber

Ниту владата на Србија, ниту ниеден министер или функционер се’ уште официјално не го потврдија состанокот од средата на поранешниот британски премиер Тони Блер, и по нивното излегување од пратеничкиот клуб на Дедиње.

„Неговата (на Блер) посета е обвинеа со мистерија“ се тврди во извештајот на Б92, наведувајќи дека никој од министрите не сакал да коментира за што станало збор на предавањето илустрирајќи го прилогот со кадри во кој српските министри брзо го напуштаат објектот игнорирајќи ги прашањата на репортерот.

Според сознанијата на телевизијата, предавањето во Клубот на пратениците во улицата „Толстоева“ на Дедиње, присуствувале министрите за финансии, Душан Вујовиќ, за култура Иван Тасовиќ, за правосудство Никола Селаковиќ и вицепремиерката и министерка за сообраќај, Зорана Михајловиќ, како и белградскиот градоначалник Синиша Мали.

„На поранешниот шеф на британската влада очигледно му било важно во Белград да остане незабележан, па затоа Клубот на пратениците го напуштил преку задниот излез, најверојатно низ кујната, во придружба на блиндирани комбија и автомобили“, наведува репортерот на Б92.

Според неофицијалнтие сознанија на Б92, Блер на министрите „им ја објаснувал стратегијата на политичко дејствување, односи со јавноста, и како би требало да комуницираат со медиумите“. „Исто така, им рекол дека треба да се фокусираат на три или четири теми во текот на својот мандат“, се тврди уште во споменатиот извештај.

Британскиот весник The Guardian неодамна дека српската влада, односно премиерот Александар Вучиќ ја ангажирала компанијата на Блер – ТАВ/

„Иако имаше важна улога во одлуката од 1999 година да биде бомбардирана Србија, поранешниот британски премиер Тони Блер ја прифати понудата на Александар Вучиќ и да стане негов советник, односно советник на српската влада“, објави минатата седмица The Guardian.

Весникот потсети дека за време на бомбардирањето на НАТО врз поранешна СР Југославија, актуелниот српски премиер Александар Вучиќ беше министер за информирање и отворен критичар на британската политика, која тогаш ја водеше Блер.

Во текстот, исто така, се наведува и дека Вучиќ беше еден од рецензентите на книгата со погрден наслов за Тони Блер чиј автор е обвинетиот од Хаг и водач на Српската радикална партија (СРС), чиј член инаку беше и Вучиќ, Воислав Шешељ, а тоа го илустрираше со фотографија од книгата во која како рецензент се гледа името на сегашниот премиер на Србија.

Минатото лето белградските медиуми известија за тајна посета на Блер на Белград и состанок со Вучиќ, а српскиот премиер тогаш изјави дека во двочасовниот разговор барал од Блер конкретна помош во процесот на европските интеграции, како и дека добил уверување дека поранешниот британскиот премиер „е подготвен со својот углед и контактите да ѝ помогне на српската влада“. „Барав конкретна помош и совет од Блер и кога станува збор за формирање на кабинетот. Тој е познат по тоа што имаше најдобар и најефикасен кабинет додека беше премиер, па неговото искуство во смисла на систематизацијата е драгоцена“, изјави тогаш Вучиќ.

Според пишувањето на The Guardian, деловниот договор Блер и Вучиќ го постигнале, наводно, во Обединетите Арапски Емирати, а потоа Блер последните месеци редовно го посетувал Белград./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион

Автобус изгоре на автопат кај Солун, патниците навреме евакуирани

Објавено пред

Пожар избувна рано утринава во градски автобус што сообраќал на линија во предградието Синдос во Солун, во северна Грција, јавува „Катимерини“.

dobivaj vesti na viber

Пожарот настанал додека автобусот се движел по автопатот Патра–Атина–Солун–Евзони. Сите тројца патници и возачот навреме го напуштиле возилото, додека автобусот целосно бил уништен од огнот.

Противпожарната служба интервенирала за гаснење на пожарот и спроведува истрага за причините за инцидентот.

Фото: илустрација (Depositphotos)

Прикажи повеќе...

Регион

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград

Објавено пред

Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње.

dobivaj vesti na viber

Полицијата и дежурниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Белград се на местото на настанот, а истрагата е во тек, пренесуваат медиумите во регионот.

Деталите, според написите, засега не се познати, но според извештаите никој не е повреден во експлозијата, но е причинета голема материјална штета, пишува „Телеграф“.

Пејачот бил во куќата

Полицијата веднаш ги блокирала приодите кон куќата по приемот на пријавата.

Припадници на Министерството за внатрешни работи спроведуваат истрага, а форензички експерти собираат докази и ги прегледуваат снимките од безбедносните камери за да го идентификуваат сторителот, пишува медиумот.

Во моментот кога била фрлена бомбата, Чолиќ, неговата сопруга и помладата ќерка Лара биле во вилата.

Според Телеграф, тие спиеле во моментот на експлозијата, а звукот ги разбудил.

Фото: ЕПА

Прикажи повеќе...

Регион

Фалсификуваните пари за Балканот и ЕУ најчесто доаѓаат од Романија

Објавено пред

Најголемите количини фалсификувани пари што пристигнуваат на Балканот и во земјите на Европската Унија потекнуваат од илегални фабрики во Романија.

dobivaj vesti na viber

Криминалните групи ги набавуваат фалсификатите по цена од околу 20 отсто од вредноста на оригиналниот новац, што значи дека за еден милион евра лажни пари се плаќаат околу 200.000 евра.

Според наводите, во Романија се фалсификуваат евра, кувајтски динари и американски долари, додека британската фунта се смета за најтешка за фалсификување.

Членовите на овие групи често се претставуваат како Италијанци, Арапи, Грци или Чеси, а меѓу нив има и криминалци од просторот на поранешна Југославија. Тие преку огласи бараат недвижности, луксузни автомобили, јахти, скап накит, уметнички дела и други вредни предмети.

Средбите најчесто се организираат во градови на северот на Италија, а како алтернативи се користат и градови во Франција, земјите на Бенелукс или Шпанија. Криминалните групи дејствуваат во поголем состав, со цел да ѝ го отежнат работењето на полицијата, пренесе Танјуг.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

Министерството за здравство за случајот со „извоз на мозоци“: Немаме директни надлежности во спроведувањето на научно-истражувачката дејност

Во врска со актуелната тема во јавноста за научна студија за мозочни примероци меѓу Институтот за судска медицина и МАНУ,...

Македонија9 часа

Во вторник ССМ ќе ги блокира пратениците, во четврток газдите, а на 17 февруари Владата: ќе мора пешки да поминат пред работниците

Откога владин претставник вчера не се појави во Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) да потпише спогодба за зголемување на...

Македонија10 часа

Николоски со претставници на Европската Комисија: бара изнаоѓање на долгорочни решенија за превозниците

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, заедно со министерот за внатреши работи, Панче Тошковски и заменик...

Економија11 часа

Почна исплатата на „Мој ДДВ“, повик до граѓаните со погрешна сметка да ги ажурираат податоците

Управата за Јавни Приходи – УЈП  ја почна исплатата на средства за скенираните фискални сметки за четвртото тримесечје од 2025...

Регион12 часа

Бомба фрлена врз куќата на Здравко Чолиќ во Белград

Доцна синоќа беше фрлена бомба врз куќата на пејачот Здравко Чолиќ во белградската населба Дедиње. Полицијата и дежурниот обвинител на...

Македонија12 часа

651 прекршоци регистрирани вчера преку „Безбеден град“, од нив 585 за пребрзо возење

Во текот на вчерашниот ден преку системот „Безбеден град“ констатирани се вкупно 651 прекршоци, извести МВР. „Од нив, за минување...

Македонија13 часа

Електродистрибуција: Tешка кражба на електрична енергија од трафостаница, штета од 16 милиони денари

„Тимот за откривање на неовластено користење на електрична енергија побара спроведување на пребарување од МВР и вклучување на вешто лице,...

Македонија13 часа

Ѓорѓиевски: Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси

Со одлука на Владата на Република Македонија, Скопје ќе добие 100 нови, современи и целосно еколошки градски автобуси, чекор што...

Свет16 часа

„Фајненшел тајмс“: Ако Русија го прекрши примирјето, следи координиран одговор – детали од договорот меѓу Украина и Западот

Украина се согласила со западните партнери дека секое упорно кршење на идниот договор за прекин на огнот од страна на...

Европа16 часа

Украина бесна на шефот на ФИФА: „Морален дегенерик, овој срам потсетува на 1936 година“

Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, остро го критикуваше претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, кој го поддржа укинувањето на...

Свет17 часа

Клинтонови сепак ќе сведочат за случајот со Епстин

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и демократската претседателска кандидатка од 2016 година, Хилари Клинтон, ќе сведочат во конгресната истрага за...

Европа17 часа

(Видео) Масовен напад врз Киев, експлозии низ градот

Руските сили испукаа ракети врз украинскиот главен град Киев во раните утрински часови, соопштија официјални лица, со првични извештаи за...

Свет18 часа

Во пораки од 2018 година пишува дека Епстин платил 5.000 долари за 23-годишна Русинка

Во најновата серија досиеја на Епстин е објавена преписка која што се чини дека е серија текстуални пораки разменети помеѓу...

Свет18 часа

Трамп: Го замолив Путин да не ја напаѓа Украина една недела, тој се согласи

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека рускиот претседател Владимир Путин се согласил на еднонеделна пауза во ракетните напади врз Украина...

Македонија18 часа

Нормализиран сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип

Од 23:25 часот, вчера вечер сообраќајот на експресниот пат Кочани-Штип целосно е нормализиран, извести АМСМ. Претходно, од 19:10 часот, поради...

Македонија1 ден

„Сè беше легално и со дозволи“: како Македонија учествувала во проектот со мозоци што беше споменат во документите за Епстин

Македонија била вклучена во меѓународен научен проект кој се споменува во документите поврзани со починатиот американски милијардер Џефри Епстин,пишува Дојче...

Македонија1 ден

Вратата кај бината во „Пулс“ служела да излезат малолетниците во случај на полициска рација, сведочи 25-годишниот Петар Марковски

На денешното рочиште за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, 25-годишниот Петар...

Македонија1 ден

Над 45 милиони денари вратени во државниот буџет; Фетаи: Конфискацијата на нелегално стекнатиот имот дава конкретни и мерливи резултати

Денес се одржа првиот конститутивен состанок на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација на имот, со што официјално започна...

Македонија1 ден

Тројца експерти од странство во составот на комисијата за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции, соопшти Министерството за здравство

Странската комисија за истражување на кардиолошките и кардиохируршките операции ја сочинуваат тројца врвни експерти од областа, соопштија од Министерството за...

Македонија1 ден

Нудел 50.000 евра мито за пари од ИПАРД програмата: поднесено обвинение против повеќе лица

По спроведена истражна постапка, јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против едно...