Регион
Ердоган: Црното море речиси се претвори во руско езеро

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во средата го критикуваше недоволното воено присуство на НАТО во Црноморскиот регион и ја повика Алијансата да ја зајакне соработката меѓу земјите членки во оваа зона, пренесува Спутник.
„Треба да ги зајакнеме координацијата и соработката во Црното море. Се надеваме на конкретни резултати од самитот на НАТО во јули во Варшава. Црното море треба да биде море на стабилност. На генералниот секретар му реков дека силите на НАТО се отсутни во регионот на Црното море и дека затоа тоа речиси стана езеро на Русија. Треба да ги исполниме долгот, бидејќи сме земји долж Црното море. Ако не преземеме акција, историјата нема да ни прости“, посочил Ердоган во Истанбул.
Турскиот претседател исто така додал дека интеграциите на Босна и Херцеговина и на Македонија во НАТО се важни за безбедноста и стабилноста на регионот./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.