Регион
Ердоган: Го осудувам и го предупредувам папата

Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган изјави во вторникот дека го осудува папата Франциск затоа што злосторството над Ерменците, коешто се случи пред 100 години за време на Османлиското царство, го нарече „прв геноцид во 20. век“.
Ердоган изјави дека „го осудува и предупредува“ папата да не направи „повторно таква грешка“, пренесе Associated Press.
Ердоган уште еднаш побара историчарите да покренат заедничка студија која би овозможила да се утврдат фактите за случувањата помеѓу 1915 и 1917 година.
Папата Франциск во неделата по повод одбележувањето на 100 годишнината од злосторството над Ерменците во Османлиското царство го употреби зборот „геноцид“, што, според оценката на странските медиуми, би можело сериозно да ги наруши дипломатските односи помеѓу Ватикан и Турција. /крај/мф/ап
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.