Регион
Ердоган: Нема одмор во турската војна против курдските бунтовници
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави во четвртокот дека нема да има одмор во воената кампања во којашто според него во 2015 година се убиени повеќе до 3.000 герилци, главно Курди, во една од најсмртоносните години во три децении долгиот курдски бунт.
„Турција има средства и решителност да ја продолжи борбата“, рече Ердоган, против забранетата Работничката партија на Курдистан (PKK) која во 1984 година ја започна војната, прво за отцепување а потоа за поголема автономија на југоистокот од Турција каде доминантно население се Курдите.
„Нашите безбедносни сили продолжуваат секое делче да го чистата од терористите во планините и градовите, и така ќе продолжиме“, изјави Ердоган алудирајќи на PKK. Турција во јули ја започна таканаречената „синхронизирана војна против теророт“, декларативно насочена кон екстремната сунитска група Исламска држава во Сирија курдските герилци во Турција. Но нејзините напори се главно концентрирани против PKK, како на турска, така и на ирачка територија, потсетува агенцијата Reuters.
Ердоган рече и дека турската армија убила 3.100 милитанти во земјата и надвор од неа од почетокот на 2015 година, со што таа најсмртоносната според бројот убиени бунтовници.
Борбените авиони ги напаѓаат базите на PKK на југоистокот од Турција но и преку границата во планините на северен Ирак. Од почетокот на бунтот PKK борбите главно се водеа во руралните и селските средини, но во последни време сé повеќе се водат во урбаните области. Жителите на градови како Чизра и Силопи кои последните денови беа цели на воени операции, тврдата дека турската армија неселективно гаѓала цивилни подрачја.
Во делот на говорот посветен на спорот со Ирак, кој протестира против упадот на турските војници во неговите северни области, Ердоган прецизираше дека Турција нема територијални претензии кон Ирак.
Во средата ирачката влада повторно ја обвини Турција дека не го почитува договорот за повлекување на нејзините војници кои на ирачката територија влегле без договор со Багдад, а за што Анкара беше предупредена и од САД и од ОН, а министерот за надворешни работи Ибрахим ал-Џафари предупреди дека Ирак, доколку биде присилен, и воено ќе одговори на турското кршење на ирачкиот суверенитет и територијален интегритет.
„Само сакаме народот (на Ирак), кој ние е братски близок историски културно, да живее во мир и безбедност“, рече Ердоган./крај/мф/сн
Извор: Reuters
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан
За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата, објави унгарската агенција МТИ.
„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство (со Унијата) има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.
Посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.
„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа и ни помагаат на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата централноевропски премиери за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да се шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека централна Европа „ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите“. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел.
Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.