Регион
Ердоган предупреди против раскол во владејачката партија

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган предупреди на опасност од поделба во владејачката партија, чиј лидер е тој.
Во својот прв говор по прогласувањето на победата на претседателските избори, Ердоган ги отфрли претпоставките дека ќе владее како диктатор и вети дека ќе го помири општество, пренесува AFP.
„Знаете, има луѓе кои 13 години тријат раце со надеж дека ќе има поделба во Партијата на правдата и развојот (АКП). За Бога, не дозволувајте да бидат среќни оние кои чекаат партијата да се потресе. АКП стана надеж на народот“, изјави Ердоган.
Во својот говор пред регионалните партиски лидери, Ердоган рече дека АКП мора да добие мнозинство на парламентарните избори во 2015 година, за да го усвои новиот устав на Турција.
„Треба да го задржиме мнозинството во парламентот, за да напишеме нов устав. Треба да работиме со оваа вера”, рече тој, ветувајќи дека како претседател ќе ги помири сите граѓани на Турција.
„Како претседател на држава со 77 милиони жители, ќе дадам сè од себе да го изградам социјалното помирување кое сите го сакаме”, вети Ердоган./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.