Регион
Ердоган сака да отвори нова страница во односите со Русија

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во пресрет на средбата со неговиот руски колега Владимир Путин во вторник, во интервјуто за агенцијата ТАСС објавено во понеделникот вели дека сака одново да ги покрене одново односите со Русија и да ја обнови соработката во многу сектори.
Турскиот челник го даде интервјуто за руската новинска агенција пред посетата на Санкт Петербург со којашто сака да стави крај на периодот на висока напнатост меѓу двете земји откако кон крајот на ноември минатата година турските воздухопловни сили соборија руски бомбардер на сириско-турската граница.
Русија како одговор на овој инцидент сé додека не го доби бараното извинување од страна на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган наметна економски санкции. Еден од најголемите удари претрпе турскиот туристички сектор, бидејќи бројот на руски туристи кои во Турција оставиле околу четири милијарди долари, во првите шест месеци од 2016 година паднал за 87 отсто.
Ердоган во интервјуто повеќепати кога зборува за Путин ги користи термините „драг“ или „почитуван“ и го нарекува пријател.
Истакнува дека неговата посета е нов патоказ во билатералните односи, каде ќе се тргне од нулата. „Ќе биде отворена нова страница на руско-турските врски. Таа нова страница ќе вклучува воена, економска и културна соработка и јас од сесрце од лично и од името на целата турска нација го поздравувам господин Путин и сите Руси“, вели Ердоган.
„Нашите земји се клучните играчи во регионот и им претстои многу на сторат заедно. Со таквото убедување доаѓам во посета на Русија. Воопшто не се сомневам дека Путин на ист начин се подготвува за посетата./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Вучиќ: Насилството е израз на целосна немоќ, ќе го зачуваме мирот и ќе ги казниме насилниците

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на социјалната мрежа Инстаграм објави видео по насилните протести во неколку градови во Србија.
„Вечерва малку порано го напуштив Министерството за внатрешни работи, дојдов да ги посетам моите пријатели, министри и борци, луѓето што ја штитат Србија од оние што ја уништуваат секоја вечер. Само сакам да им кажам на луѓето дека ќе ги подигнеме и обновиме просториите на нашите обвинителства, судови и партиски простории. Ќе успееме да го направиме сето ова заедно со народот. Од сите лоши работи што ова ги носи во нашата земја, има едно добро: сите маски паднаа. Луѓето гледаат сè, а нивната нервоза се зголемува, хистеријата се зголемува, немаат што повеќе да понудат. Доаѓа времето на одговорност. Сите оние што палеа, ќе бидат казнети за своите злосторства. Ви благодарам за вашата љубов и поддршка“, порача Вучиќ.
View this post on Instagram
Регион
Запален штаб, солзавец, шок бомби – масовни протести во Србија

Синоќа имаше смасовни протести во повеќе градови низ Србија, меѓу кои Белград, Ваљево, Милановац, Книќ и Нови Сад.
Пред седиштето на Српската напредна партија (СНС) во Ваљево демонстранти со качулки и покриени лица фрлаа пиротехнички средства, по што избувна пожар во дел од просториите. Огнот беше изгаснат со интервенција на противпожарните екипи и демонстранти. Искршен е влезот на Општина Ваљево, а полицијата употреби солзавец.
Во Милановац неколку стотици граѓани фрлаа тоалетна хартија кон просториите на СНС, додека во Нови Сад беа искршени прозорци со шишиња и други предмети. Во Нов Белград полицијата употреби солзавец и шок бомби, а демонстрантите се обидоа да стигнат до седиштето на СНС.
Протестите следат по повеќемесечните студентски блокади, а сега целта е промена на власта. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека нема да има предвремени избори и ги нарече протестите управувани однадвор.
Регион
Црна Гора се бори со пожари

Седми ден по ред пожарите во Црна Гора не стивнуваат, а најкритично е во Подгорица, каде што и покрај тоа што ситуацијата е под контрола.
Началникот на Дирекцијата за цивилна заштита и намалување на ризици од катастрофи, Љубан Тмушиќ, соопшти дека најзагрозени области се Пипери и Кучки Корита. – Во овие подрачја се ангажирани сите расположливи ресурси – 12 возила и 42 пожарникари, рече Тмушиќ.
Посебна закана претставуваат и таканаречените „подземни пожари“ кои се активираат со пораст на температурите.
Во гаснењето се вклучени и армијата, како и помош од странство – Србија испрати хеликоптер, а вчера пристигна и швајцарски тим со 26 пожарникари и четири специјализирани возила. Поддршка дава и хеликоптер од Чешка.