Регион
Ердоган соопшти за 14 уапсени во врска со нападот во Анкара
Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган објави во четвртокот за 14 уапсени лица, осомничени за учество во терористичкиот напад во средата вечерта во Анкара, најавувајќи можни дополнителни апсења.
Претходно во четвртокот турскиот премиер Ахмет Давутоглу објави за апсењата на девет лица осомничени дека на некој начин се поврзани со лицето идентификувано како Сириец кој неодамна влегол во Турција како бегалец и наводно бил близок на милицијата на сириските Курди, кој го извршил атентатот со автомобил бомба во кој престолнината Анкара загинаа 28 луѓе.
„Овој терористички чин е дело на рацете на PKK и PYD (Работничка партија на Курдистан и Партијата на курдскиот демократски сојуз, коишто Турција ги смета за терористички организации – з.р.). Во овој момент 14 лица се уапсени, но сметам дека тоа не е крајната бројка, ќе има уште апсења. Ниту едно злосторство во Турција и во странство нема да остане неказнето“, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во врска со нападот во кој загинаа 20 високи офицери и осум цивили, а беа ранети уште 61 човек.
Претходно челникот на партијата на PYD Салих Муслим изјави дека партијата на сириските Курди, чиишто позиции во покраината Алепо изминатиот викенд ги гранатираше турската артилерија, воопшти не е вмешана во нападот во Анкара.
„Иако PKK и PYD негираат, информациите од министерството за надворешни работи и разузнавањето покажуваат дека тие стојат зад нападот“, додаде Ердоган во Генералштабот на турските вооружени сили каде што дојде да им изрази сочувство на семејствата на жртвите.
Министерот за внатрешни работи Ефкан Ала изјави дека 14те уапсени се во неколку градови во Турција, по што биле донесени во Анкара.
„По терористичкиот напад беа извршени операции во Адана, Болу, Истанбул, Измир, Дијарбекир, Текирдаге, Анкара. Вкупно се уапсени 14 лица, и тие се пренесени во Анкара“, изјави министерот за државната агенција Anadolu.
Лицето коешто го управувало возилото полно со експлозив уништило неколку воени автобуси во близина на Генералштабот, и е идентификувано како Салих Нечар кој загинал во експлозијата. Идентификуван е со помош на отпечатоци од прстите кои му биле земени во имиграциските служби при неговото неодамнешно влегување на турска територија како бегалец.
Турската полиција го сомничи за близок на Единиците за заштита на народот (YPG), паравоена милиција на Партијата на демократското единство (PYD).
Засега сé уште ниедна група не ја презема одговорноста за нападот. Чемил Бајик, високо позициониран герилец на PKK изјави дека не знае кој стои зад нападот, но дека тој би можело да биде одмазда. „Не знам кој го стори тоа. Но тоа би можело да биде чин на одмазда за насилствата во Курдистан“, изјавил Бајук, пренесе агенцијата Reuters./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

