Регион
Ердоган: Турција со иста решителност ќе се бори и против курдските борци и против џихадистите
Турција со иста решителност ќе се бори и против курдските милитанти и против џихадистичката групација Исламска држава, изјави во југоисточниот град Газинатеп во неделата турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, додека турската војска ја продолжува офанзивата во северна Сирија.
Со истата решителноста ќе се бориме против Партијата на демократското единство (PYD) на Курдите во Сирија, која Анкара ја смета за терористичка организација блиска на забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK) и против Исламската држава, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган пред приврзаниците во Газинатеп, град во близина сириската граница, една седмица по нападот врз свадбена свеченост на локалните Курди во кој загинаа 55 луѓе.
„Нема да прифатиме никаква терористичка активност на нашите граници или близу нив“, истакна Ердоган откако им изрази сочувство на семејството на жртвите во нападот за кој е обвинета Исламската држава.
Педесетина тенкови и повеќе стотици турски војници навлегоа во Сирија во рамките на операцијата „Штитот на Еуфрат“ кај започна во средата утрото, и чија цел е да овозможи сириските бунтовници кои ги поддржува Турција да го заземат пограничниот град Џараблус и пошироката област од рацете на Исламската држава и да ги спречат во напредувањето силите на сириските Курди.
Зборувајќи за желбата на Анкара да ја протера Исламската држава од Сирија и Ирак, Ердоган додаде: „Затоа сме и во Џараблус и во Башика.Истата одговорност ќе ја покажеме и во други области доколку е потребно“. Турскиот претседател ги спомена двете места, првото во Сирија од кое деновиве е потисната Исламската држава и, второто воена база во Ирак од каде турската војска во јануари годинава ги нападна џихадистичките позиции.
„Кога станува збор за терористичката група PYD, ќе се бориме против неа со истата решителност“, додаде Ердоган.
„На терористичките организации кои мислат оваа земја да ја фрлат наколена, бомбите коишто ги активираа ќе им експлодираат утре во нивните сопствени раце“,порача турскиот претседател./крај/мф/сн
Извор: Hurriyet
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Вучиќ утрово го посети Дачиќ: Неговата состојба е нешто подобра
Српскиот претседател Александар Вучиќ утрово, на пат кон Казахстан, објави дека го посетил министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ и дека неговата здравствена состојба е малку подобра. Вучиќ го објави ова од авионот, пренесува РТС.
„Го посетив Ивица утрово. Лекарите велат дека неговата состојба е малку подобра. Верувам во него, а сега на пат кон Казахстан за одлични резултати за нашата Србија“, напиша Вучиќ на својот профил на Инстаграм.
Тој додаде дека закрепнувањето на Дачиќ е во тек, но дека претпазливоста е сè уште неопходна.
„Секако, претпазливоста е сè уште неопходна и ништо не е сигурно, но е подобро, на радост на неговото семејство и на сите луѓе што го сакаат“, рече Вучиќ.
Регион
„Следните 72 часа се клучни“: Се огласи доктор од клиниката каде што се лекува Дачиќ
Српскиот вицепремиер и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, вчера беше хоспитализиран на Клиниката за пулмологија на Клиничкиот центар на Србија поради тешка пневмонија.
Заменик-директорот за пулмологија, Спасоје Попевиќ, вчера вечер за Танјуг изјави дека ситуацијата е многу тешка и дека министерот Дачиќ има тешка пневмонија и дека следните 72 часа ќе бидат клучни.
– Тој моментално е на механичка вентилација – респиратор, прима сè што му е потребно, сите лекови, терапија, со тој респиратор, што е метод на лекување, купуваме време потребно тие лекови да дејствуваат и се бориме за неговиот живот. Тешка пневмонија и борба за неговиот живот – рече д-р Попевиќ.
Докторот прецизираше дека министерот Дачиќ е хоспитализиран во 16:30 часот на Клиниката за пулмологија.
Попевиќ додаде дека засега не може да даде никаква прогноза.
– Прерано е, но се обидуваме и мислам дека успеваме до одреден степен да ја стабилизираме неговата состојба. Следните неколку дена ќе ни дадат одговори како да продолжиме. Постојано сме околу него и тоа е сè што можам да кажам во овој момент – рече Попевиќ.
Дачиќ вчера беше посетен и од српскиот претседател Александар Вучиќ и членови на владата.
Регион
(Видео) Вучиќ за состојбата на министерот Ивица Дачиќ: Се молиме за него
Министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ е примен на полуинтензивна нега во Клиничкиот центар на Србија и е во сериозна состојба.
Дачиќ моментално е на апарати и е во критична состојба. Дијагностициран му е билатерална пневмонија.
Српскиот претседател Александар Вучиќ даде изјава пред Клиничкиот центар на Србија:
„Вицепремиерот на Србија и претседател на Социјалистичката партија на Србија Ивица Дачиќ е во тешка ситуација“, кажа претседателот на Србија пред Клиниката за пулмологија во Клиничкиот центар на Србија, каде што го посети со членови на владата.
„Ги посетивме сите заедно вицепремиерот и претседателот на Социјалистичката партија на Србија, тоа е тешка ситуација, но веруваме во лекарите и веруваме во него и се молиме за него“, рече Вучиќ.
Според лекарот што го лекува министерот Дачиќ, ситуацијата е многу тешка, Дачиќ има тешка пневмонија.
„Тој моментално е на механичка вентилација, односно респиратор, прима сè што му е потребно, ја прима најдобрата антибиотска терапија, со тој респиратор купуваме време потребно за тие лекови да дејствуваат и се бориме за неговиот живот. Тој беше примен на Клиниката за пулмологија околу 16:30 часот. Следните неколку дена ќе ни дадат повеќе одговори, се надеваме на најдоброто“, рече д-р Попевиќ, кој го лекува Дачиќ.

