Регион
Ештон: Европска перспектива за Балканот во следните неколку години

Шефицата на европската дипломатија, Кетрин Ештрон, изрази очекување дека за земјите од западен Балкан, европската перспектива ќе биде отворена „во следните неколку години, а не децении“, и потенцира дека за ова е потребна економска помош, пред сé, за Косово, но и за за Србија.
Шефицата на европската дипломатија, Кетрин Ештрон, изрази очекување дека за земјите од западен Балкан, европската перспектива ќе биде отворена „во следните неколку години, а не децении“, и потенцира дека за ова е потребна економска помош, пред сé, за Косово, но и за за Србија.
Економијата и политиката мораат се повеќе да се зближат, потенцирала Ештон, укажувајќи на образованието, малите претпријатија и правната сигурност, говорејќи на Европскиот форум „Алпбах“, кој се одржува во истоимениот австриски град.
Самитот оваа година се одржува во екот на кризата во Украина и случувањата во Појасот Газа. Во врска со Газа, Ештон рекла дека она што е потребно е да се најде одржлив мир и да се создаде решение со двете држави, што би овозможило мирен соживот за Израелците и Палестинците. Според неа, во моментов ширум светот има повеќе бегалци отколку по завршувањето на Втората светска војна, потенцирајќи ги актуелните конфликти во Сирија, Либија и Ирак./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.