Регион
ЕУ ги одблокира преговорите за европската интеграција на БиХ

Европската унија (ЕУ) е подготвена да го потпише и примени Договорот за стабилизација и асоцијација (ДСА) со Босна и Херцеговина (БиХ), штом утврди дека неопходни реформи се спроведени, соопштиле во понеделникот од Европскиот совет во Брисел.
Министрите за надворешни работи на земјите членки на ЕУ на состанок во понеделникот оцениле дека БиХ ги исполнила условите за да продолжи со подготовките за потпишувањето и премената на ДСА, повикувајќи ги тамошните политички лидери да започнат да ги спроведуваат реформите на кои се обврзале во заедничката декларација, пренесува Танјуг.
БиХ го парафираше ДСА со ЕУ уште во 2007 година, но потпишувањето и примената на договорот беа блокирани поради парализираниот политички систем и недостатокот од уставни реформи, пред се поради неприменувањето на одлуката на Европскиот суд за човекови права во случајот „Сејдиќ – Финци“.
Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерина поради ова неодамна имаше две посети на Сараево, каде успеа да ги убеди политичките лидер да се обврзат на спроведување на реформите, што потоа беше усвоено во парламентот на БиХ.
Најновата одлука на министерскиот совет значи дека долгогодишната блокада на европските интеграции на БиХ е завршена, така што сега таа може да продолжи на патот на кој далеку заостана позади останатите земји од западен Балкан./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.