Регион
ЕУ со поддршка од 600 милиони евра за земјите од западен Балкан
Европската унија (ЕУ) на државите од западен Балкан ќе им додели 600 милиони евра за енергетски, сообраќајни и железнички проекти, соопшти австрискиот вицеканцелар и министер за економија, Рајнхолд Митерленер.
Европската унија (ЕУ) на државите од западен Балкан ќе им додели 600 милиони евра за енергетски, сообраќајни и железнички проекти, соопшти австрискиот вицеканцелар и министер за економија, Рајнхолд Митерленер.
На самитот за западен Балкан, кој започна во четвртокот во Виена, австрискиот министер изјави дека на овој начин се покажува дека ЕУ не дава само изјави, туку и пари за конкретни проекти. Договорениот пакет за поддршка е предвиден за десет различни проекти кои ќе започнат наскоро, а меѓу нив е и автопатот Ниш – Приштина – Драч, како и модернизацијата на железничката пруга меѓу Белград и Сараево, пренесува Танјуг.
Митерленер соопшти оти потврди се 24 проекти кои ќе бидат реализирани следните години, во вредност од околу 7,7 милијарди евра. Според него, со ова треба да биде постигнат раст на бруто домашниот производ (БДП), од еден отсто годишно во земјите од западен Балкан, а целта е и во наредните 15 години да се отворат 200 илјади нови работни места.
Самитот за западен Балкан, кој се одржува во рамките на Берлинскиот процес, инициран од страна на германската канцеларка Ангела Меркел, се одржува со цел да се засили поддршката за европската перспектива, економскиот развој и подобрата инфраструктура во регионот, како и соработка со земјите од ЕУ./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Непалските работници во Хрватска штрајкуваат поради ниски плати и лоши услови
Неколку часа траеше прекинот на работата во складиштето за овошје на логистичко-дистрибутивниот центар на „Плодине“ кај Кукуљаново, откако непалските работници изразија незадоволство од условите, јави „Индекс“
Синдикатот NSRH информира дека странските работници, најмногу од Непал, реагирале на ниските плати, прекувремената работа и условите. Во објектот работат околу 100 странци и околу 70 домашни работници.
Синдикатот предупреди и на случајот со седуммина непалски работници кои по зачленување во синдикат биле изложени на притисоци и закани со губење на работен и престојувачки статус.
Штрајкот е прекинат откако им било ветено дека во понеделник ќе имаат средба со лице од повисоко раководно ниво.
Регион
Европската комисија повторно бара истрага за можната употреба на звучен топ на протестите во Белград
Европската комисија уште еднаш ги повика српските власти да спроведат брза, транспарентна и веродостојна истрага за наводната употреба на звучен топ за време на антивладиниот протест во Белград на 15 март 2025 година, јави Радио Слободна Европа (РСЕ).
Повикот доаѓа откако европските медиуми повторно го покренаа прашањето, а Политико објави дека српските разузнавачки служби, во соработка со руската ФСБ, тестирале звучни уреди на кучиња во обид да утврдат дали е користено звучно оружје врз демонстрантите.
Во извештајот што српскиот претседател Александар Вучиќ го презентирал, се тврди дека уредите не предизвикале реакции кај животните, па оттука било заклучено дека звучен топ не бил користен на протестот. Руската страна не коментираше за извештајот, пренесе РСЕ.
Во изјавата на Европската комисија се нагласува дека „односите со Русија не можат да продолжат како и досега, особено кога се работи за безбедносни прашања“, и се потсетува дека властите имаат обврска да ги заштитат демонстрантите од повреди и насилство.
Српските власти подоцна признаа дека полицијата поседува звучни уреди, но тврдат дека „никогаш не биле употребени“.
Демонстрантите сведочеле за силни и необични звуци, вибрации и здравствени тегоби по протестот – како вртоглавици, несвестица, покачен притисок и нарушувања на слухот.
Настанот го истражува и Европскиот суд за човекови права.
Фото: ЕПА
Регион
Научник од Ровињ: Сите примероци од Јадранското Море што ги обработив имаа микропластика
Бројот на микропластични честички во Јадранското Море драматично се зголемува, понекогаш надминувајќи половина милион на квадратен километар. Научниците велат дека опасните хемикалии можат да влезат и во синџирот на исхрана преку него, објавува Dnevnik.hr.
Просечната концентрација на микропластика во Јадранското Море е околу 250.000 честички на км². Според мерењата на водите во Ровињ, бројот понекогаш достигнува 600.000.
„Досега, сите примероци што ги обработив имаа микропластика. Нема примерок што го обработив досега, а кој немал микропластика“, рече Виктор Стинга Перуско од Центарот за морски истражувања на IRB во Ровињ.
„Бројот постојано расте бидејќи имаме нов влез, додека се произведува пластика, можеме да бидеме сигурни дека оваа пластика ќе заврши во морето во одреден момент“, додаде тој.
Голем дел од влакната што се невидливи за окото доаѓаат и од домаќинствата. И со секое перење на машината за перење, додаваме уште малку. Влегува во организмите на рибите, а потоа и во нашите тела преку храната.
Влијанието врз здравјето, велат научниците, сè уште не е доволно истражено.
фото/Depositphotos

