Регион
ЕУ: Србија знае што ја очекува

Условите и критериумите за напредокот во европските интеграции се целосно јасни и однапред дефинирани, нема никакви нови услови и тоа српските претставници добро го знаат, изјавила за српскиот весник Данас, портпаролката на Европската комисија (ЕК), Маја Коцијанчич, пренесуваат српските медиуми.
Коцијанчич изјавата ја дала како реакција на тврдењата на српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ дека пред Србија секогаш ќе се поставуваат некои нови услови за напредок.
Дачиќ минатата седмица изјави дека ниту ЕУ не знае што ќе прави со Србија, и дека земјата „веќе не сака да прифати политика на движечки цели и поставувањето нови услови“.
Коцијанчич истакнала дека Србија доста добро знае што треба да направи во процесот на интеграцијата, односно дека сите услови се однапред познати, а дека целиот процес е транспарентен.
„Цел западен Балкан има европска перспектива, тоа е политиката на ЕУ. Србија е кандидат за полноправно членство, таа е на патот кон ЕУ и напредува во тој процес. Сите услови и критериуми се целосно јасни и однапред дефинирани“, нагласила таа.
„Процесот на европските интеграции е транспарентен. Поради тоа, и од наша страна и од страна на Србија, е добро познато што мора да се направи“, нагласи Коцијанчич./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.