Регион
ЕУ: Турција да ја почитува демократијата и да воспостави дијалог со политичките противници

Европската унија (ЕУ) во вторникот упати нов и силен повик до Турција да воспостави политичкиот дијалог со опозицијата и да ја зачува демократијата во земјата, опишувајќи ги последните настани како „исклучително загрижувачки”, пренесува Reuters.
„ЕУ и земјите-членки ја повторуваат осудата на обидот за воен удар од 15-ти јули и ја признаваат потребата Турција да преземе пропорционални активности, но истовремено задржувајќи ја парламентарната демократија, вклучувајќи и почитта кон човековите права, владеењето на правото, основните слободи и правото на секого за фер судење, во согласност со нејзините обврски како земја-кандидат за членство во ЕУ“, се вели во соопштението објавено од страна на високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини.
Во изјавата исто така дека Брисел продолжува одблизу да ја следи ситуацијата во Турција. Европската комисија, пак, во средата ќе го објави извештајот за напредокот на земјите кандидати за членство, меѓу кои е и Турција, а според последните најави извештајот ќе биде доста критички кон турските власти поради политичките случувања во земјата изминатата година./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Уште еден силен земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 4,6 степени според Рихтеровата скала беше регистриран во четврток, 5 јуни, во 07:18 часот во Егејското Море, Грција.
Земјотресот беше регистриран на 30 километри од Мирина.
#Earthquake (#σεισμός) confirmed by seismic data.⚠Preliminary info: M4.6 || 30 km NW of #Mýrina (#Greece) || 3 min ago (local time 08:18:38). Follow the thread for the updates👇 pic.twitter.com/4qdLSErCCL
— EMSC (@LastQuake) June 5, 2025
Хипоцентарот на земјотресот, според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 11 километри под површината на земјата.
Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.
Регион
Србинка извлечена мртва од морето во Грција, наредена обдукција: детали за ужасот на Халкидик

Седумдесет и тригодишна жена од Србија била извлечена во несвест од морето на полуостровот Касандра во Грција и однесена во болница, каде што била прогласена за мртва, објавија грчките медиуми.
Сè се случило во градот Сивири на Халкидик, популарно одморалиште кај туристите од регионот.
Таа беше извлечена од морето во средата попладне.
Веднаш беше известена Пристанишната управа на Неа Мудања, а 73-годишната жена беше пренесена со амбулантно возило на ЕКАБ во Здравствениот центар во Касандра, каде што беше констатирана смрт.
Вториот оддел на пристаништето Неа Мудања, при Централната пристанишна управа на Солун, која ја спроведува прелиминарната истрага, нареди обдукција во Службата за судска медицина во Солун.
Регион
Тело на Србинка извлечено од морето во Грција

Седумдесет и тригодишна Србинка е пронајдена мртва во морето крај брегот на Касандра, Грција, пренесе српски Телеграф.
Таа е пронајдена во несвест во морето крај брегот на Касандра на Халкидики во среда околу пладне и со брза помош е пренесена во Здравствениот центар во Касандра, каде што е констатирана смрт.
Според информациите, истрагата е во тек, а ќе биде извршена и обдукција, јавува грчката агенција АНА.