Регион
Европскиот суд ја казни Турција
Судот во Стразбур и’ наложи на Турција да исплати отштета во висина од 30 илјади евра на двајца турски новинари кои повеќе од една година ги држела во притвор без доволно докази.
Новинарите Недим Сенер и Ахмет Сик биле уапсени во 2011 година и обвинети за заговор и поддршка на организацијата Ергенекон, осомничена дека подготвува државен удар.
Сенер и Сик беа ослободени во март 2012 година, по една година притвор, но и натаму им се заканува казна затвор во траење од 15 години.
Во рамки на случајот Ергенекон, неколку членови на оваа организација, веќе добија затворски казни.
Европскиот суд за човекови права во Стразбур оценил дека турските власти не истакнале доволно „цврсти и релевантни“ докази со кои би го оправдале нивното долго држење во притвор.
„Мерките како што е долгото задржување во притвор може да создадат атмосфера за автоцензура за сите истражувачки новинари кои сакаат да се изјаснат за однесувањето и постапките на државните органи“, навеле европските судии.
Турција треба да исплати 20 илјади евра како обештетување на Сенер и 10 илјади евра за Сик, на коишто, според судот, им е причинета морална штета.
Сенер е добитник на наградата „Херој на слободниот печат“ на Меѓународниот институт за печат, а Сик ја добил наградата за слободен печат која ја доделува Унеско.
Нивното приведување предизвика бројни реакции кај меѓународните новинарски здруженија./крај/мф/ап
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

