Регион
Фулани останува гувернер и покрај грабежот во Народната банка на Албанија

Ардијан Фулани останува на функцијата гувернер на Народната банка на Албанија и покрај тоа што деновиве во банката се случи голем грабеж при што беа украдени над седум милиони долари.
Надзорниот одбор на банката со пет гласови ‘против’ не го прифати предлогот на Ермелинда Мекси, која се наоѓа на висока функција во редовите на Социјалистите кои се на власт, Фулани да биде резрешен од оваа функција. Членовите на надзорниот одбор сметаат дека Фулани не е виновен за грабежот и покрај фактот што кражбата ја извршија вработени во банката.
Медиумите во Тирана оценуваат дека Фулани има свои луѓе во одборот, но додаваат дека протестите за негово разрешување кои неколку денови се одржуваат во Албанија по оваа одлука на одборот ќе се зголемат.
Полицијата приведе десет лица во врска со големиот грабеж.
Народната банка на Албанија според медиумите ги има вработено преку Фулани сите најблиски пријатели и роднини на клучните луѓе во земјата како од власта така и од опозицијата. Поради оваа состојба и нема некои големи реакции од страна на главните институции во земјата за смена на Фулани.крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.