Регион
Германија ја критикува Русија поради Балканот
Германските политичари предупредуваат дека Русија води експанзионистичка политика и изразија загриженоста за наводните притисоци од Москва врз Србија и Босна и Херцеговина.
„Не станува збор само за Украина. Станува збор и за Молдавија, Грузија и доколку тоа ќе оди натаму, човек мора да се запраша мора ли да се праша за дозвола за Србија, мора ли да се праша за другите земји од западен Балкан“, се вели во изјавата цитирана од Frankfurter Allgemeine Zeitung.на германската канцеларка Ангела Меркел дадена во понеделникот на Лоуви институтот за меѓународна политика во австралиски Сиднеј, каде што престојува по завршувањето на самитот на Г20 во Бризбејн.
Според Меркел, недозволиво е Европската унија да мора да ја праша Русија за дозвола дали смее да прими во своето членство некои земји или не. „Инаку ќе мораме да кажеме мораме прво да прашаме во Москва дали е тоа воопшто можно. Така тоа беше 40 години и на таа состојба всушност не сакаме да се вратиме“, изјави Меркел што во германските медиуми се толкува како невообичаен остар тон.
Изјавата на канцеларката Меркел се совпадна со објавувањето на тајниот документ на германското министерство за надворешни работи, кој го објави германскиот неделник Der Spiegel во своето издание од понеделникот, во кој се изразува загриженоста во врска со притисок на Русија врз Србија и другите земји од западниот Балкан, во прв ред Босна и Херцеговина.
„Целта на (рускиот претседател Владимир) Путин е врз балканските земји да изврши толку силен притисок што или ќе се откажат од членството во Европската унија или, пак, како членки на ЕУ ќе спроведуваат изразено проруска политика“, се наведува изјавата на пратеникот во Европскиот парламент и политичар на владејачката партија на Меркел Христијанско-демократската унија (CDU) Елмар Брок во документот на министерството за надворешни работи под заглавие „Влијанието на Русија во Србија“. Русија, како што натаму се наведува во документот, низ сé потесната воена соработка и создавање зависност од рускиот природен гас, се обидува да ги направи зависни Србија и Република Српска.
„Се создава впечаток дека Русија се обидува преку Република Српска да влијае врз целата Босна и Херцеговина“, вели во споменатиот општ документ, германскиот министер за земјоделие Кристијан Шмид, кој неодамна престојуваше во некои земји од западен Балкан.
Германската влада, како што се истакнува во извештајот, не сака да навлегува во конкурентска војна со Русија според принципот „кој нуди повеќе“, меѓутоа смета дека на земјите од западен Балкан мора да им се даде јасна перспектива. „Ние на земјите на Балканот мораме јасно да им дадеме до знаење дека влезот во Европската унија јасно е во нивен интерес“, навел државниот секретар во министерството за надворешни работи Михаел Рот./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.
Регион
(Видео) Снегот уриваше дрвја и оштети автомобили во Белград
Обилниот снег што падна во Србија во неделата предизвика проблеми во сообраќајот, прекини во електричната енергија и го отежна секојдневниот живот на граѓаните, а новиот удар на зимата беше особено видлив во Нов Белград, каде што обилните снежни врнежи соборија дрвја, а гранки паднаа врз паркираните автомобили.
Во една белградска населба, снегот беше доволно силен за да собори неколку дрвја и дебели гранки од улиците и зелените површини, предизвикувајќи штета на некои автомобили.
Снежните врнежи во поголемиот дел од Србија беа пообилни од вообичаените за ова време од годината.
Во некои области наврнаа повеќе од 25 сантиметри снег за помалку од 24 часа, предизвикувајќи доцнења во сообраќајот и летовите од аеродромот во Белград, како и привремени проблеми со електричната мрежа во планинските области.

