Регион
Globus: Во Хрватска живеат 50 до 100 екстремисти
Во Хрватска живеат меѓу 50 и 100 луѓе, кои по своите уверувања, ставови и размислувања, може да се наречат екстремни исламисти, пишува загребски Globus.
Во Хрватска живеат меѓу 50 и 100 луѓе, кои по своите уверувања, ставови и размислувања, може да се наречат екстремни исламисти, пишува загребски Globus.
Главно тие се од Пула, Риека и Загреб.Повикувајќи се на извори од разузнавачките кругови, се наведува дека никој од низ не е радикализиран да планира или да изврши терористички напад.Сепак, клучните луѓе меѓу нив им се познати на безбедносните служби.Покрај тоа, седум или осум хрватски државјани имаат двојно и сириско државјанство, а безбедносните служби имаат сознанија и за десетина конвертити, воглавно жени кои во контакт со екстремните исламисти одлучиле да преминат во ислам.Се работи за млади девојки и за жени во триесеттите години, кои веќе зад себе имаат еден брак и бараат нов.Ставот на безбедносните служби, споредн неделникот, е дека на Хрватска во моментот не и се заканува директен терористички напад, а дека бројот на ризични лица е мал во однос на земјите во окружувањето.Сепак, безбедносниот систем е во состојба на зголемена внимателност, а министерот за внатрешни, Ранко Остојиќ, вели дека тоа е трет степен на подготвеност.Се наведува дека припадниците на Исламска држава во Хрватска, воглавно млади, се обидуваат да егрутираат преку социјалните мрежи.Се работи за неприлагодени лица со дисфункционални семејства, верски лаици, често девојки на кои ја шират својата пропаганда и кои ги уверуваат во правилноста на светата воја против САД и нивните сојузници.На потенцијалните регрути им се ветува пари и им се шират лажни приказни за вредни недвижности со базени во Сирија, ако им се придружат во исполнувањето на светите цели. Globus дознава дека безбедносните служби се исклучително задоволни од соработката со Исламската заедница во Хрватска.Хрватските безбедносни служби најмногу внимаваат на границата со БиХ каде според нивните проценки, живеат 4.000 екстремисти.„Босна е земја во која војната не е завршена, туку прекината“, вели изворот за Globusa и додава дека ситуацијата дополнително ја комплицираат политичките и етничките односи, и заостанатото оружје од војната./крај/г/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Грција
Земјотрес со магнитуда од 4,0 степени според Рихтеровата скала се случи рано утрово во грчкиот регион Лаконија, јавуваат грчките медиуми.
Земјотресот се случил во 08:38 часот по локално време, 320 км југозападно од Атина, пренесува Катимерини.
Според податоците од Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот се наоѓал во морското подрачје 117 км југозападно од Геролименас во Лаконија.
Досега нема извештаи за евентуални штети во овој земјотрес.
Регион
Бугарскиот претседател поднесе оставка
Претседателот на Бугарија, Румен Радев, ја објави својата оставка, бидејќи се приближуваат предвремените парламентарни избори закажани за пролет, нов елемент во политичката криза што ја дестабилизира земјата пет години.
„Утре ќе поднесам оставка од моите должности како претседател на Република Бугарија“, рече Радев (62) во официјално соопштение.
Радев изјави во петокот дека земјата ќе одржи предвремени избори откако водечките партии го отфрлија мандатот за формирање влада, откако претходната администрација поднесе оставка минатиот месец поради широко распространети протести.
Неговата оставка дополнително ќе ги поттикне широко распространетите шпекулации дека ќе формира своја политичка партија. Во петокот, Радев ѝ понуди на Алијансата за права и слободи последна шанса да се обиде да формира влада, но партијата го отфрли барањето, трета што го стори тоа оваа недела.
„Одиме на избори“, рече Радев во петокот.
фото/епа
Регион
МОЛ го презема српскиот НИС
Министерката за рударство и енергетика на Србија, Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ, изјави дека е постигнат договор меѓу руската и унгарската страна, што треба да доведе до поволен исход во процесот на трансформација на Нафтената индустрија на Србија (НИС).
„МОЛ и ‘Гаспромнефт’ се согласија за основните одредби од идниот договор за продажба на НИС, кој ќе биде испратен до американската администрација за одлука, а Србија успеа да го зголеми својот удел во сопственост за пет проценти во преговорите“, рече министерката.
Изјавата доаѓа по неколку месеци интензивни разговори и неизвесност за иднината на NIS, дополнително интензивирани од геополитичките притисоци, санкциите против руските енергетски компании и растечкиот интерес на Европската Унија за структурата на сопственост и управување со стратешките енергетски системи во регионот.
Ѓедовиќ Хандановиќ потврди дека МОЛ и „Гаспромнефт“ се согласиле за основните одредби од идниот договор за продажба.
„Тоа беше барање на американската администрација и како такво ќе биде испратено до американската администрација за одлука. Важно е што во овие преговори Србија успеа да ја подобри својата позиција во споредба со 2008 година, кога останавме под 30 проценти сопственост. Беше договорено дека во иднина ќе го зголемиме нашиот удел во српската нафтена индустрија за пет проценти и ќе го достигнеме бројот на акции што ќе ни овозможи поголеми права за донесување одлуки во Собранието на акционери“, рече министерката.
фото/епа

