Регион
Грабар Китаровиќ: До вечер или мандатар, или нови избори

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ најави дека до среда вечер мора да биде познат мандатарот за состав на нова влада или, пак, во спротивно таа ќе распише нови избори, пренесуваат хрватските медиуми.
Грабар Китаровиќ наведе дека во среда попладне ќе биде одржан последниот петти круг од консултациите, по што мора да се знае кој ќе биде мандатар за состав на владата или, пак, таа ќе именува привремена техничка влада и ќе донесе одлука за распишување на предвремени парламентарни избори.
Во обраќањето до јавноста по завршувањето на четвртиот круг на консултации, хрватската претседателка изјавила дека претставниците на Домољубната коалиција, предводена од Хрватската демократска заедница (HDZ) и независната листа Мост ја запознале со фактот дека „заедно располагаат со мнозинска поддршка од конкретно 78 пратенички мандати во хрватскиот Сабор“, и тоа го докажале со нивните потписи, пренесува Hina.
„Попладне ќе биде одржан и петтиот и последен круг на консултации. До вечер или ќе имаме мандатар, или јас ќе именувам привремена техничка влада и ќе донесам одлука за распишување на предвремени парламентарни избори“, порачала хрватската претседателка.
Лидерите на Домољубната коалиција, предводена од ХДЗ, и независната листа Мост, Томислав Карамарко и Божо Петров во вторник вечерта на Грабар Китаровиќ и документирале дека имат мнозинска, односно поддршка од 78 потписи од пратеници за формирање на влада.
„На претседателката и докажавме дека располагаме со мнозинство и покажавме 78 потписи – 63 на Домољубната коалиција и 15 потписи на Мост“, изјавил Карамарко по разговорите со Грабар Китаровиќ. Според Карамарко постојат најави дека уште неколку пратеници ќе дадат поддршка кон ова парламентарно мнозинство.
Мандатарот треба да биде познат до пладне, а Мост и Домољубната коалиција потоа повторно ќе имаат консултации со хрватската претседателка, изјавил лидерот на ХДЗ.
„Ќе настојуваме тоа да биде непартиско стручно лице, каква што ќе биде и целата влада – реформска и стручна“, рекол Карамарко, напоменувајќи дека тој „најверојатно“ нема да биде мандатар.
Петров пак рекол дека целта на Мост од самиот почеток бил стручна реформска влада со непартиски мандатар
„Ова е впрочем она што уште од почетокот го очекувавме. Нашата цел е непартиски мандатар и се надевам дека тоа ќе го дефинираме во текот на среда“, рекол челникот на Мост./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.