Регион
Грабар Китаровиќ: Позитивни сигнали од Белград за односите меѓу двете земји

Хрватската претседателка Колинда Грабар Китаровиќ изјавила дека од Белград има „позитивни сигнали“ во врска со идните односи меѓу Србија и Хрватска, пренесува Танјуг.
Китаровиќ во интервју за словенчката национална телевизија, по трилатералниот состанок во саботата со претседателите на Словенија и Австрија, изјавила дека од контактите со српскиот претседател Томислав Николиќ има чувство дека офоцијален Белград „не одобрува, туку и веќе осудува некои од неприфатливите екцеси на Војислав Шешељ“, пренесува Hina.
На прашањето околу проблемите со употребата на кирилицата во Вуковар, Китаровиќ потенцирала дека таа е за почитување на законите, но дека наметнувањето и форсирањето на употребата на кирилицата во Вуковар на таблите на јавните установи им „отвора стари рани“ на Хрватите во овој град.
Хрватската претседателка смета дека тоа нити ја смирува, нити пак ја нормализира состојбата за српското малцинство и се надева дека локалната власт ќе најде соодветно и паметно решение за тоа.
„Тешко е за тоа да се говори, ако не дојдете во Вуковар“, рекла Грабар Китаровиќ, оценувајќи дека наметнувањето на кириличните табли било спроведено на тој начин што во градот предизвикало „немир“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Маж од Загреб сексуално злоставувал 12-годишно девојче: кога му се спротивставувала тој ја тепал

Жељко Валент (39) од Загреб е осуден на четири години и десет месеци затвор за тешко кривично дело сексуална злоупотреба и експлоатација на дете, објави порталот „Бурин“.
Пресудата ја донесе советот на окружниот суд во Риека, а покрај затворската казна, осуденото лице е должно да плати и 3.390 евра за процедурални и вештачења.
Злоупотребата се случила од октомври до втората половина на декември 2023 година во стан во Хановер, каде што Валент престојувал со девојчето.
Според пресудата, тој го искористил отсуството на нејзината мајка и постојано ги допирал интимните делови на детето, пишува „Бурин“. Судот заклучи дека станува збор за однесување кое законот го изедначува со сексуален однос.
Девојчето се обидело да му се спротивстави, но тој ја удирал, а во еден момент таа претрпела полесни повреди, според „Бурин“.
Валент, кој е сопственик на столарија, не бил присутен на објавувањето на пресудата. Судењето, како што е вообичаено во вакви случаи, било затворено за јавноста.
Пресудата не е конечна, а Валент има право на жалба.
Регион
(Видео) Српски министер доживеа мозочен удар во емисија во живо

На српскиот министер за јавни инвестиции Дарко Глишиќ утрово му се слоши за време на гостувањето во утринската програма на телевизијата „Пинк“. Емисијата беше нагло прекината, а неофицијално се знае дека станува збор за тежок мозочен удар.
Глишиќ беше гостин во утринската програма на телевизијата „Пинк“, но одеднаш почна да пелтечи и не можеше да изговори ниеден цел збор. Водителите го прашаа неколкупати дали се чувствува добро, но тој не можеше да одговори, па програмата беше прекината.
UDARNO: Hitno prekinut program na Pinku! Glišić se šlogirao u sred emisije?!
Ministru za javna ulaganja Darku Glišiću naglo je pozlilo uživo u jutarnjem programu na Pinku. pic.twitter.com/otIuN977tP
— Mario ZNA (@MarioBojic) August 5, 2025
Министерот за здравство Златибор Лончар изјави дека состојбата на Глишиќ е сериозна и дека тој бил донесен во Ургентниот центар во несвесна состојба.
Глишиќ беше итно префрлен во болница, каде што набргу пристигна српскиот претседател Александар Вучиќ. Глишиќ се смета за еден од неговите најблиски соработници.
Дарко Глишиќ е министер во владата на Србија од мај 2024 година. Тој е член на Српската напредна партија од нејзиното основање, а од 2016 година е претседател на Извршниот одбор на СНС.
Српскиот претседател Александар Вучиќ објави заедничка фотографија на својот инстаграм-профил со министерот и напиша: „Даре, држи се! Нема предавање“.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин
Регион
(Видео) Невреме во Црна Гора: Сè беше забелено

Невремето што денес ја погоди околината на Колашин во Црна Гора донесе неочекувани сцени за првиот дел од август, сè е покриено како со бела покривка, пишуваат медиумите во регионот.
Сепак, според написите, не станува збор за снег, туку за град што падна низ целата област.
Според проценките, на некои места слојот на град достигнува и до 15 сантиметри.
Овој августовски пејзаж е вистинска реткост во овој дел и не се памети во поновата историја, пренесуваат медиумите.
Дел од скијачките патеки исто така беше покриен со град, а невремето предизвика значителни штети на планинските патишта, што претставува дополнителен предизвик за локалните жители и туристите.
Фото: принтскрин