Регион
Грчкиот суд на Анкара и одобри испорачување на тројца турски офицери

Грчкиот суд во вторникот одобри испорачување на тројцата турски офицери кои побегнаа во Грција по неуспешниот обид за пуч во јули, ден откако беше одбиено барањето за испирачување на тројца други офицери од оваа земја, пренесуваат турските медиуми.
Тројцата офицери, како и уште петмина кои заедно со нив со хеликоптер побегнаа во Грција, негираат вмешаност во воениот удар и обидот за убиство на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. Апелацискиот суд во Атина го одобри барањето на Турција за испорачување на трите лица од групата кои се обвинети за учество во пучот, а се очекува дека на одлуката ќе врачат жалба.
Грчкиот суд во понеделникот го одби барањето на Турција за испорачување на тројца други офицери кои побегнаа во Грција после обидот за пуч, оценувајќи дека нивниот живот би бил во опасност, навела агенција AFP.
Според грчкиот закон, конечната одлука по барањето за испорачување ја донесува Министерството за правда. Осумте офицери со хеликоптер слетаа во Александрополис, град во близина на грчко-турската граница на 16-ти јули, неколку часа по обидот за пуч во Турција. Тие изјавиле дека стравуваат за своите животи иако не учествувале во обидот за воен удар и веднаш побараа азил во Грција, во моменти кога Анкара бараше нивно испорачување./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Плинска боца експлодира во стан на српски туристи во Грција, има повредени

Пет туристи од Србија се повредени денес во експлозија на плинска боца во изнајмена соба во Аспровалта, во регионот на Солун, од кои еден доби тешки изгореници, објавува Катимерини.
Несреќата се случила денес околу 15:30 часот под сè уште неразјаснети околности.
Најтешко повреден е 41-годишен маж, кој се здобил со изгореници, додека другите се здобиле со повреди од скршено стакло, објавува Катимерини, додека Прототема објавува дека маж со изгореници од прв и втор степен и жена со изгореници од прв степен се пренесени во свесна состојба во Општата болница во Солун.
Полицијата го уапси 86-годишниот сопственик на куќата, а надлежните органи ги истражуваат причините за несреќата.
Регион
Полицијата на Истра уапси Германец: снимал голи деца со рачен часовник

Истарската полиција приведе германски државјанин (31), кој е обвинет за експлоатација на деца за порнографија откога е откриено дека снима голи деца на плажа со рачен часовник со интегрирана камера.
Граѓаните ја известиле полицијата во вторникот околу 18 часот кога забележале дека мажот снима деца со рачен часовник. Полицијата ги претресла неговите простории, автомобилот и друга техничка опрема и пронашла инкриминирачки снимки. Еден ден подоцна тој бил предаден на притворската единица на Полициската управа на Истра со кривична пријава.
„Полицијата апелира до родителите да ги следат своите деца и да гледаат каде се и што прават на плажа. Облечете ги вашите деца во костими за капење, а доколку забележите сомнително лице што снима деца, веднаш известете ја полицијата на 192“, велат од полицијата додавајќи дека ваквите акции покажуваат дека јавноста е сè повеќе свесна за проблемот со снимањето деца и дека препознавањето на сомнителното однесување овозможува навремен одговор и апсење на сторителот“.
Фото: принтскрин
Регион
Словенците воведуваат скратена работна недела за оние што се блиску до пензија

Од 1 јануари 2026 година во Словенија делумно ќе стапи во сила закон кој претставува вистинска револуција на пазарот на трудот. Освен зголемување на надоместоците за невработеност и јавни работи, како и олеснување на пристапот до пазарот на трудот за младите, студентите, но и пензионерите, законот ќе им овозможи на лицата што се блиску до пензија да ја намалат работната обврска.
Конкретно, работниците постари од 58 години, како и оние со најмалку 35 години работен стаж, практично ќе може да изберат помеѓу слободен петок или скратен работен ден во траење од шест часа, потврдија од Министерството за труд, семејни и социјални прашања и еднакви можности за словенечките медиуми.
Според моделот наречен 80-90-100, што значи 80 отсто работно време, 90 % плата и 100 % уплатени придонеси – Словенија делумно ќе ги преземе искуствата на земји како Исланд, Ирска и Германија. Во овие земји ваквите закони довеле до позитивни ефекти, како зголемена продуктивност, помалку отсуства од работа и поголема ефикасност. Словенците веќе имаат неколку пилот-проекти, претежно во технолошки компании, кои покажале слични резултати.
Од Министерството за труд најавија дека, доколку измените се покажат успешни, ќе се оди во насока на дополнителна либерализација на прописите. До крајот на 2028 година се очекуваат и промени, како додаток за работа во сабота, задолжителен божиќен бонус за сите вработени, па дури и воведување 38-часовна работна недела.
Во оваа прва рунда на измени донесени се и други мерки. Така, од 2026 година невработените Словенци ќе имаат повисоки надоместоци за невработеност. Максималниот износ што ќе го примаат во првите три месеци по отказ или раскин на договорот за работа ќе изнесува 130 проценти од просечната минимална бруто-плата во државата, што моментно е нешто повеќе од 1.660 евра. Ако ни по три месеци, не најдат нова работа, ќе имаат право на 110, па 100 отсто, па сè до 70 проценти од просечната минимална бруто-плата.
Значајни промени и зголемени надоместоци ги очекуваат и учениците, студентите и учесниците во јавни работи, кои покрај повисоки минимални часовни тарифи, ќе имаат и подобрени работни услови. Планирани се и стимулации за вработување невработени лица постари од 59 години во износ од 40 проценти од месечниот нето-надоместок, а оваа категорија ќе има право на зголемен број дозволени часови за привремена или повремена работа. Месечното ограничување за работа на пензионерите се зголемува од 60 на 85 часа месечно, соодветно со зголемување на максималниот годишен приход.
Законот на крајот беше усвоен по итна постапка бидејќи неговото донесување беше услов за повлекување 140 милиони евра европски средства за оваа цел.