Регион
Грција бара помош ЕУ поради имигрантите

Грција побара итна финансиска помош од европските фондови поради големиот пораст на имигранти и баратели на азил од Сирија и од Ирак.
Грција побара итна финансиска помош од европските фондови поради големиот пораст на имигранти и баратели на азил од Сирија и од Ирак.
„Ситуацијата достигна опасно ниво,. Не можеме да изградиме ѕид на морето“, изјави грчкиот министер за поморство Митиадис Варвициотис. Грција очекува дека бројот на илегалните имигранти годинава двојно ќе зголеми во однос на минатата 2013 година, додаде министерот, прецизирајќи дека половината од нив ќе пристигнат од Ирак и од Сирија.
Грчката крајбрежна стража соопшти дека во осумте месеци од 2014 година 17.639 имигранти влегле на територијата на земјата во споредба со 10.508 лица во текот на целата 2013-та.
Грција, од каде што имигрантите масовно преминуваат преку Македонија и Србија на патот за западна Европа, се смета покрај Италија е главната влезна точка во Европската унија за имигрантите од Азија и Африка.
Грчката крајбрежна стража во последните седум години доби 70 милиони евра од европските фондови за купување бродови, а прима поддршка од Frontex, агенција за заштита на границите на Европската унија. Меѓутоа, грчките оперативни трошоци, според пресметката на владата во Атина, само оваа година ќе изнесуваат 76 милиони евра./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.