Регион
Грција ги товари бегалците од Сирија на брод
На островот Кос во неделата започна сместувањето на стотици сириски бегалци на патнички брод на кој грчките власти ќе ги евидентираат и ќе им издаваат документи во обидот да воведат ред во бегалскиот хаос кој го предизвикаа илјадниците бегалци на овој остров.
Грчките власти го одложуваа товарењето на бегалците на бродот подготвувајќи планови со коишто би се избегнал хаосот меѓу сé повеќето очајни бегалци кои до островот во големи групи доаѓаат со чамци од соседна Турција.
Втоварувањето на траектот „Елефтериос Венизелос“, кој на островот Кос пристигна во петокот, започна ноќта кон неделата и се одвива со помали конфликти со бегалците околу приоритетот за качување. Се товарат во групи по 20 луѓе, а бродот кој го изнајми грчката влада може да прими 2.5000 луѓе.
Сиријците, кои бегаат од граѓанската војна којашто четврта година ја разорува нивната земја, имаат статус на бегалци и оттаму поголеми права врз основа на меѓународното хуманитарно право од имигрантите од другите земји, коишто Грција ги смета за економски мигранти.
Речиси 250.000 имигранти го минаа годинава Средоземното Море во обидот да дојдат до Европа, покажуваат податоците на Меѓународната организација за миграции. Половината од тоа пристигнале на грчките острови, а бројката нагло се зголеми во текот на летото кога морето е помирно и веројатноста за сигурно препловување преку Медитеранот е малку поголема.
Многубројните бегалци на Кос спијат во шатори, напуштени објекти или на отворено, а помал број, коишто можат да платат во локалните хотели. Меѓу имигрантите од различни земји, како на пример од Авганистан, Пакистан, Ирак, избувнуваат судири бидејќи не остваруваат права на бегалски статус и полицијата се обидува да одржува ред, па на островот се распоредени припадници на интервентните сили./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан
За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата, објави унгарската агенција МТИ.
„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство (со Унијата) има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.
Посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.
„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа и ни помагаат на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата централноевропски премиери за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да се шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека централна Европа „ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите“. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел.
Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.