Регион
Грција: Крајно левата платформа на Сириза формира своја фракција во парламентот
Независен политички субјект наречен „Народно единство“ ќе формираат 25 пратеници од крајно левото крило на владејачката во Грција коалиција на радикалната левица Сириза, се дознава од писмото коешто веќе му е испратено на претседателот на парламентот, изјави во петокот за телевизијата Mega TV, пратеникот Коста Исихос, поранешен заменик министер за одбрана, кој беше отстранет од кабинетот на премиерот Алексис Ципрас со групата министри кои не се согласуваа со договорот со грчките доверители за третиот пакет финансиска помош на земјата.
Одлуката била донесена веднаш по изјавата на премиерот Алексис Ципрас, во четвртокот попладнето, дека поднел оставка, што создава услови за распишување предвремени парламентарни услови.
Меѓутоа, Грчкиот устав има посебни одредби за одржување на изборите на помалку од 12 месец од претходните, а Сириза и Ципрас дојдоа на власт преку вонредните на 25-ти јануари годинава, според кои претседателот мора прво да ги консултира другите големи партии за да види дали тие можат да формираат влада, што во овој момент изгледа речиси невозможно.
Во петокот, мандатот ќе го добие привремениот челник на најголемата опозициска партија, од десниот центар Нова демократија, Вангелис Меимаракис. Бидејќи Нова демократија, задно со поранешниот коалициски партнер во владата на Антонис Самарас – социјалистите од Пасок и партијата Потами (река), имаат само 106 мандати од неопходните 151 во 300-члениот грчки парламент, претседателот Прокопис Павлопулос ќе мора да го понуди мандатот за формирање на владата на третата по големина парламентарна партија екстремната неонацистичка Златна зора, чиешто прогласување за злосторничка криминална организација сега се разгледува пред судот.
Размислувањата дека опозицијата во грчкиот парламент не може да формира мнозинство коешто ќе поддржи влада се темели на ситуациите во опозициските партии. Имено по оставката на поранешниот премиер Антонис Самарас, конзервативната Нова демократија сé уште нема лидер и во моментов ја води поранешниот спикер на парламентот Вангелис Меимаракис. Уште посложена е ситуацијата кај социјалистичкиот Пасок, кој неодамна го смени челникот, но изгуби многу на популарноста.
Меѓутоа, со создавањето на новата фракција, ситуацијата се менува, бидејќи бројот пратеници од Сириза кои минатиот петок го поддржаа договорот со меѓународните доверители, падна на 118, под прагот од 120 пратеници колку што е потребно за малцинска влада.
„Само посебе се подразбира дека ние ќе го добиеме трети мандатот за формирање влада и ќе ги искористиме сите можности за да ја демонстрираме неопходноста да се излезе од меморандумот со кредиторите“, рече Исихос.
Според коментаторите, создавањето на новата фракција во парламентот е првиот чекор кон формирањето нова партија, којашто ќе ја води Панајотис Лафазанис. Крајно левата фракција во Сириза, којашто ја води Лафазанис, веднаш по објавувањето на оставката на Ципрас, повика на формирање широк демократски фронт против договорот со доверителите. Панајотис Лафазанис, еден од тврдите бунтовници од Сириза, кон средината на јули беше сменет од функцијата министер енергетика, кога заедно со уште 30 пратеници гласаше против предлог-законот за реформите./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан
За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата, објави унгарската агенција МТИ.
„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство (со Унијата) има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.
Посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.
„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа и ни помагаат на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата централноевропски премиери за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да се шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека централна Европа „ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите“. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел.
Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.