Регион
Грција преговара со Русија за ублажување на санкциите, на удар и Црна Гора

Грција води преговори со Русија за ограничување на влијанието на санкциите за извоз на производи, пренесува Интерфакс, повикувајќи се на изјава од грчкиот вицепремиер Евангелос Венизелос.
„Ние постојано разговараме за тоа како да ги намалиме последиците и бараме можности воопшто за да избегнеме суштинско влијание на руските санкции врз Грција. Атина настојува да се заштити земјоделството на Грција, да ги задржи пријателските односи со сите земји и истовремено со тоа да ги исполни своите обврски кон ЕУ“, изјавил Венизелос.
Една од земјите од регионот кон кои Русија воведе вакви санкции е и Црна Гора, а декретот за „одредени економски мерки“ бил потпишан и од рускиот претседател Владимир Путин, пренесува Танјуг.
Мерките се одговор на санкциите кои се воведени кон Русија поради украинската криза, а забраната за увоз на земјоделски производи од овие земји стапува веднаш на сила.
Од црногорското министерство за надворешни работи и европски интеграции во четвртокот изразиле жалење поради одлуката на Русија да воведе санкции кон Црна Гора, објаснувајќи дека усогласувањето со одлуката на ЕУ било направено врз основа на остварувањето на надворешнополитичките приоритети, како и почитувањето на принципите и вредностите за кои Подгорица се залага во меѓународните односи, потенцирајќи дека ова немало „антируски карактер“./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.