Регион
Грција преполна со туристи, но резервациите се намалуваат
Во шпицот на на туристичката сезона Грција е преполна со туристи, но економско – политичките случувања последната недела донесоа откажување и намалување на бројот на резервации.
„Резервациите се намалија за 20 до 30 отсто“, изјавил Австралијанецот Едвард Фишер, кој 12 години е сопственик на туристичката агенција “Athens bekpekers” и “Atens studios”, којашто организира тури на актрактивни локации во близина на Акропол, главно за млади патници без голем буџет.Тој за намалувањето на резервациите ги обвинува странските медиуми и верува дека тоа ќе биде само привремен пад. Туризмот и девизниот прилив од него се од витално значење за грчката надеж за опоравување на длабоко задолжената држава.Светскиот совет за патување и туризам соопшти дека директниот придонес од туризмот за Грција во 2014 година бил повеќе од 29 милијарди евра, што е повеќе од 17 отсто од Бруто домашниот производ на земјата.Националната туристичка организација на Грција ги уверува туристите дека нивните кредитни и банкарски картици работат нормално и дека рестрикциите кои важат за грчките граѓани, не важат и за туристите.Лисандрос Цилидис, претседател на Грчката асоцијација на патничките и туристичките агенции вели дека цифрите ширум земјата се стабилни. „Повеќе има гласини за откажувања, отколку што навистина има откажување на резервациите. Резервации се уште стигнуваат и туристите немаат никакви проблеми“ изјавил Цилидис.Ова го изјавиле и посетители на Акрпол и околни знаменистости, кои за АП велат дека одморот го поминуваат нормално.„Видов неколку редови пред банкомати, но нема огромни редови“ изјавила Лусијана Суза, бразилски адвокат на којашто ова и е прво патување во Грција.Но на оние кои се уште не го резервирале патувањето, ваквите гаранции не им го намалија стравот дека во банкоматите и банките наскоро ќе снема готовина, освен ако нема инфузија на евра од Европската централна банка или друг извор.Некои ресторани и хотели поставиле написи дека не прифаќаат кредитни картички, и покрај владините ветувања.Стотици Грци зависат од приходите од туризмот во летните месеци, од што тие и нивните семејства живеат цела зима.Директорот на агенцијата „Madjestik trаvel“, Василиос Елман во центарот на Атина вели дека затворањето на банките ја отежанало неговата работа.„Не можеме да работиме како претходно, бидејќи немам брз пристап до фондовите кога луѓето плаќаат со картички. Огромна количина пари ми е заглавена во банка“ изјави директорот.Неговата агенција и понатаму прифаќа кредитни картици, но потребни се денови и недели додека не дојдат до пари преку различни системи на аелектроснкото банкарство.Елман има неколку истовремени проблеми: туристите го скратуваат престојот или го откажуваат доаѓањето во Грција, а голем број Грци се загрижени за своите финансии, а посебно поради тоа што не можат да дојдат до пари, ги откажуваат летните одмори кои најмногу ги поминуваат во Грција.„Мислам дека летово бројот на Грциве кои одат на одмор ќе падне на нула, навистина мислам на нула. Оваа сеозна е уништена . Странските амбасади предупредуваат на проблеми, па луѓето се премислуваат да дојдат во Грција“ вели тој./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Сијарто: Фокусот на унгарското претседателство со ЕУ ќе биде проширувањето на Унијата на Западен Балкан
За време на претстојното претседавање со ЕУ, Унгарија планира да се фокусира на прашања кои се важни за централна Европа, како што се борбата против илегалната миграција, проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и енергетската безбедност, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто.
Кога станува збор за проширувањето на ЕУ, Сијарто на прес-конференција со својот чешки колега Јан Липевски рече дека регионот на Западен Балкан не заслужува да чека 14 години и 11 месеци за членство, што, како што вели, го поткопува кредибилитетот на политиката на Унијата, објави унгарската агенција МТИ.
„Тоа е ситуација што треба да се реши, така што унгарското претседателство (со Унијата) има јасна агенда да им помогне на земјите од Западен Балкан да го забрзаат пристапниот процес“, рече Сијарто.
Посочи дека ефектите од миграцијата директно се чувствуваат во Централна Европа од 2015 година и неопходна е сериозна регионална соработка за да се запре мигрантскиот прилив.
„Чешката, словачката и полската полиција ни помогнаа и ни помагаат на јужните граници на Унгарија да ги задржиме илегалните мигранти кои и се закануваат на Европа надвор од границите. Потребни се континуирани заеднички напори на четворицата централноевропски премиери за да се држи под контрола прашањето за квотите и да не се дозволи илјадници или десетици илјади илегални мигранти да се шетаат неконтролирано“, додаде Сијарто.
Шефот на унгарската дипломатија нагласи дека централна Европа „ќе продолжи да се спротивставува на притисоците поврзани со квотите“. Сијарто се осврна и на енергетската безбедност, наведувајќи дека Унгарија и Чешка планираат нуклеарен развој и затоа ќе продолжат да се борат против негативната дискриминација поврзана со нуклеарната енергија во Брисел.
Нуклеарната енергија е одржлив начин за производство на енергија, тоа е безбеден, еколошки и евтин метод за производство на големи количини електрична енергија“, заклучува Сијарто.
Регион
Ана Брнабиќ за 2 јуни распиша локални избори во 66 единици на локалната самоуправа
Претседателката на српското собрание Ана Брнабиќ распиша избори за 2 јуни во 66 единици на локалната самоуправа, бидејќи Националното собрание неодамна со две третини ги усвои измените на Законот за локални избори.
Изборите во овие локални самоуправи ќе се одржат на ист ден со изборите за советници во Градското собрание на Белград, односно на 2 јуни годинава.
„Среќна сум што испративме силна порака од парламентот до сите наши граѓани дека како нивни избрани сме способни да разговараме и да постигнеме договор и покрај сите наши разлики“, рече Брнабиќ по објавата.
Регион
(Видео) Уапсени Срби во Атина, поранешни членови на „Пинк Пантер“: осомничени се за украден накит вреден 315.000 евра
Двајца Срби, кои во минатото биле членови на организацијата „Пинк Пантер“, се уапсени во Атина под сомнение дека ограбиле две познати златарници во центарот на грчката престолнина, соопшти атинската полиција.
Според соопштението на грчката полиција, уапсените оперираат најмалку од минатиот декември, а се претпоставува дека имале соодветна мрежа за канализирање на украдени предмети, бидејќи оствариле добивка од над 315.000 евра.
По претресот во нивните домови, меѓу другото, пронајден е алат користен при кражбата, три рачни часовници, накит, 190 евра, лажна возачка дозвола, три мобилни телефони, лични предмети, како и дополнителен мотоцикл и автомобил што служеле за превоз.