Регион
Грција се заканува со вето, Виена не ја кани на Конференција за бегалците

Австрискиот министер за надворешни работи Себатијан Курц ја вели дека одлуката на Австрија да не ја покани Грција на конференцијата на земјите од Западен Балкан, посветена на мигрантската криза е затоа што Грција јасно покажала дека не пројавува интерес кон намалувањето на приливот на мигранти и дека дури сака да продолжи да ги пропушта да преминуваат кон Македонија, од каде тие продолжуваат кон север.
Австрија воведе ограничување на бројот на бегалците, на кои им дозволува да влезат на нејзина територија, па така дневно се пропуштаат во 80 мигранти во Австрија и 3.200 кои сакаат да заминат за Германија.Курц ова го изјави пред денешната средба на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан во Виена, чија цел е да се пронајдат заеднички решенија за стопирање на приливот на бегалци.Инаку, Грчкиот министер за миграции, Јанис Музалас, за ANA зјави дека Атина може да стави вето на одлуките донесени на денешната конференција.„Предупредувањето се однесува на сите земји кои прикажуваат многу антигрчки став и кои расистички се однесуваат со мигрантите, вели Музалас, прашан дали тоа се однесува на државите од Вишеградската група. Македонија и Србија.Тој укажува дека така ќе се блокира приближувањето на земјите кандидати за членство во ЕУ, а се закани и дека ќе ги блокира одлуките за субвениции на ЕУ.Грција претходно упати официјална протестна нота до Австрија бидејќи не е поканта на денешната конференција, а одлуките од таму смета Музалас може да имаат последици за рција и нејзините граници.На конференцијата поканети се 18 министри од зејите на Балканската рута, меѓу кои и македонскиот за надворешни работи, Никола Поповски./крај/мф/бб
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Црна Гора се бори со пожари

Седми ден по ред пожарите во Црна Гора не стивнуваат, а најкритично е во Подгорица, каде што и покрај тоа што ситуацијата е под контрола.
Началникот на Дирекцијата за цивилна заштита и намалување на ризици од катастрофи, Љубан Тмушиќ, соопшти дека најзагрозени области се Пипери и Кучки Корита. – Во овие подрачја се ангажирани сите расположливи ресурси – 12 возила и 42 пожарникари, рече Тмушиќ.
Посебна закана претставуваат и таканаречените „подземни пожари“ кои се активираат со пораст на температурите.
Во гаснењето се вклучени и армијата, како и помош од странство – Србија испрати хеликоптер, а вчера пристигна и швајцарски тим со 26 пожарникари и четири специјализирани возила. Поддршка дава и хеликоптер од Чешка.
Регион
Еди Рама вети бесплатни нови куќи за оние кои во пожарите ги загубија своите домови

По катастрофалните пожари кои деновиве зафатија делови од Албанија, уништувајќи домови и имоти, премиерот Еди Рама излезе со силно и директно ветување до сите настрадани граѓани. Во објава на социјалните мрежи, тој најави дека државата целосно ќе ги обесштети сите што претрпеле штета, вклучително и бесплатна обнова на секој уништен дом.
„Кој и да го изгубил својот дом, ќе го обновиме бесплатно, кој и да изгубил добиток, ќе го рефинансираме еден по еден“, напиша Рама на социјалните мрежи.
Оваа мерка, како што појасни министерот за одбрана Пиро Венгу, ќе се спроведува преку општините. Ќе се формираат посебни комисии за проценка на штетите на куќи, инфраструктура, бизниси и земјоделски култури, по што ќе следува обештетување од општинските фондови за цивилна заштита, поддржани од државниот буџет.
Регион
Шестмина припадници на полицијата се повредени за време на синоќешните протести во Србија

Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека за време на синоќешните протести имало драстично нарушување на јавниот ред и мир и брутален напад врз полицијата, и дека, според досегашните податоци, повредени се шестмина припадници на полицијата.
„Шест полицајци се повредени, според информациите што ги имаме во моментов, а 38 лица се приведени. Секој можеше да види во преносот во живо дека имало брутален напад врз полицијата, дека демонстрантите дошле со намера да ги нападнат полицајците, да ги повредат“, рече Дачиќ.
Тој изјави дека вечерта немало поддржувачи на Српската напредна партија, што, како што рече, не ги спречило демонстрантите да ги нападнат просториите на таа партија низ цела Србија, и додаде дека на некои места биле нападнати и просториите на Социјалистичката партија на Србија.