Регион
Грција вели дека го направила она што морала да го стори за договор со ЕУ
Владата на Грција го направи она што беше должна да го стори за да постигне договор со Европската унија, но нема да прифати продолжување на финансиската помош.
Ова во Атина го изјави портпаролот на грчката влада, Гаврил Сакеларидис неколку часа пред денешната клучна седница на министртите за финансии на еврогупата во Брисел.
Сакеларидис избегна да го коментира написот во германскиот веник Bild за тоа дека германската канцеларка Ангела Меркел во телефонски разговор со германксиот премиер Алексис Ципрас најавила дека нејзиниот минситер за финансии Волфганг Шојбле на вечерашниот состанок ќе изнесе негативен став за Грција.
Ципрас, според владиниот протапрол, на Меркел и рекол дека неговата влада сторила се што можела за постигнување на договор, а и скренал и внимане на „хуманитарната криза“ во Грција.
Според Сакеларидис, грчката влада нема да преговара за низата економски, социјални и финансиски мерки кои има намера да ги прземе во интерес на граѓаните, а на кои се против ЕУ.
Станува збор за прописи за ослободување на најсиромашните од отплата на кредити кои не можат да ги вратат, забрана за принудна продажба на станови и куќи на должници, продолжување на задоцнетата отплата на кредити ан 100 рати.
Министерот за труд на Грција, Панос Скурпетис изјави дека на денешниот состанок на министртите на еврогрупата „секому ќе му се суди по заслуги“ и дека „нема да помине крутоста на Германија“.
Според нацрт ставот на германскиот министер Шојбле за денешниот собир во Брисел, документот кој го подготвила Грција „не дава никаква основа ниту за заедничко соопштение“.
Германија затоа ќе биде против исплата на 10,9 милијарди евра помош за грчките банки, особено затоа шти успешно ја пребродиле минатата година, пренесуваат атинските медиуми./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Србија прогласи вонредна состојба поради снегот: Илјадници домаќинства без електрична енергија
Србија утрово се разбуди под снег и мраз, а поради лошите временски услови, вонредна состојба е во сила во дури 11 општини и градови. Најголеми проблеми се прекините на електричната енергија, поради што повеќе од 6.000 домаќинства останаа без струја, пишува Н1 Србија.
Илјадници домаќинства без струја
Милорад Спасојевиќ од Секторот за вонредни ситуации потврди за РТС дека најголемиот проблем е прекинот на електричната енергија. „Околу 6.450 потрошувачи се без струја. Најлошо е во златиборската, колубараската, моравичката и мачванската област“, рече Спасојевиќ.
Цела Србија се разбуди со температури во минус. Најстудено беше на Копаоник, каде што беа измерени -17 степени, додека најниските температури меѓу градовите беа забележани во Кикинда и Сјеница, со -10 степени.
Според податоците од Републичкиот хидрометеоролошки завод (РХМЗ) од 6:09 часот наутро, во Белград, Ниш и Крагуевац се измерени -5 степени, а во Нови Сад -8 степени. На Црни Врх, каде што е регистрирана и снежна бура, температурата била -13 степени, а на Златибор -11 степени. По многу студеното утро, се очекува температурата да се зголеми на некои места во текот на денот.
Поради опасни временски феномени, утрово е во сила портокалова временска тревога за Белград, Бачка, Банат, Срем, Западна Србија, и Југозападна Србија.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)

