Регион
Грците штрајкуваат, земјата е целосно блокирана

Вработените ширум Грција сопреа со работа во знак на протест поради пензиските реформи, а поради масовниот штрајк сообраќајот во земјата целосно е блокиран. Откажани се летови, траекти и сопрен е јавниот превоз, додека, пак, училиштата, судовите и аптеките се затворени, а во државните болници работат само итните служби, пренесуваат светските агенции.
Синдикатите прогласија штрајк поради пензиските реформи, кои се еден од условите за третиот меѓународен пакет на помош за Грција. Левичарската влада на премиерот Алексис Ципрас се обидува да го реструктурира пензискиот систем преку зголемување на придонесот за социјална заштита, за да се избегне намалувањето на пензиите, но противниците на реформите укажуваат дека поради ова на многу вработени, две третини од приходите ќе им одат на даноци и придонеси, пренесува АР.
Противниците на пензиските реформи успеаја да ги обединат припадниците на различните професии, од земјоделци, таксисти и уметници до адвокати, доктори и инженери. Денешниот генерален штрајк е најсериозниот со кој досега се соочува коалициската влада на Ципрас, која дојде на власт пред околу една година.
Додека партијата СИРИЗА беше во опозиција, таа ги предводеше противењата против пензиските реформи, но соочена со изборот помеѓу третиот пакет на помош и исфрлањето од еврозоната, таа беше принудена на драматичен пресврт во својата политика.
Генералниот штрајк низ Грција се одржува во моменти кога владата преговара со меѓународните инспектори кои се во земјата за да го проверат напредокот во однос на исполнувањето на обврските од предвидениот пакет на помош. Хотелите во кои престојуваат овие инспектори во центарот на Атина постојано се чувани од грчката полиција, додаваат грчките медиуми./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Црна Гора го прогласи 14 август за Ден на жалост поради смртта на војникот

Владата на телефонска седница одлучи задутре, 14 август, да го прогласи за Ден на жалост поради смртта на војникот, кој денес загина при превртување на цистерна додека помагаше во гаснење пожар.
Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Регион
Објавен идентитетот на војникот кој загина во Црна Гора кога се преврте цистерна за гаснење пожар

Помладиот водник Дејан Божовиќ од Даниловград загина, а водникот Марко Иковиќ се здоби со тешки повреди при гаснење пожар во областа Кучи, во Црна Гора, објави Министерството за одбрана на Црна Гора.
Помладиот водник Божовиќ бил припадник на 1-ви пешадиски баталјон, оженет и татко на четири деца. Тој бил во Армијата од 2006 година и бил митралезец на 120-милиметарски минофрлач.
Повредениот водник Иковиќ, исто така припадник на 1-ви пешадиски баталјон, бил лекуван и префрлен на медицинска помош. Тој има сериозни повреди, но во моментов е во стабилна и свесна состојба.
Војската на Црна Гора, во соработка со надлежните органи, спроведува истрага за да се утврди причината и околностите на несреќата.
Фото: Принтскрин
Регион
Додик ја откупи едногодишната затворска казна

Претседателот на Република Српска, Милорад Додик, ги исплати парите што ги искористи за замена на едногодишната затворска казна што ја доби по конечната пресуда за непочитување на одлуките на високиот претставник, објави Кликс.ба.
„Одлучувајќи по барањето на одбраната на осудениот Милорад Додик за замена на изречената затворска казна со парична казна, Судот, во согласност со законските прописи, донесе одлука со која, по изјавата на Обвинителството на БиХ, беше усвоен горенаведениот предлог на одбраната, а затворската казна на осудениот Милорад Додик беше заменета со парична казна“, соопшти Судот на БиХ.
Додик платил 36.500 КМ 18.662 (евра), или 100 КМ за секој од 365-те дена што требало да ги помине зад решетки.
Покрај затворската казна, на Додик му е забрането и политичко дејствување во траење од шест години. Поради овој дел од пресудата, Централната изборна комисија на Босна и Херцеговина му го одзеде мандатот како претседател на Република Српска.
Одлуката на Комисијата денес ја прими неговиот адвокат, Горан Бубиќ, кој поднесе жалба. Се очекува одлуката на Жалбениот совет да биде објавена следната недела.
фото: принтскрин