Регион
Грчката влада на меѓународните кредитори ќе им достави дополнителен предлог за реформи
Грција е подготвена на меѓународните кредитори да им достави дополнителен предлог за реформи, соопштил извор од грчката извршна власт, додавајќи дека некои од мерките веднаш ќе им бидат предложени на техничките експерти на ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), пренесува Capital.ba
Претседателот на еврозоната, Јерун Дајселблум изјавил дека Грција губи време во преговорите за програмата за помош, повикувајќи ја Атина да оствари конкретен напредок.
Тој го поздравил новиот предлог за реформи, но повикал и на посериозни преговори околу актуелната програма за помош на Атина, чиј рок е продолжен до јуни, како и за потенцијалната нова финансиска програма која би ја заменила актуелната програма по нејзиното завршување.
„Не смееме да трошиме толку време. Програмата е продолжена само за четири месеци и часовникот отчукува. Ми се чини дека од последниот состанок на еврогрупата, па се досега, губиме време. Изгубивме преку две недели во кои беше остварен мал напредок. Мора да престанеме да губиме време и да почнеме со сериозни разговори“, рекол Дајселблум.
Министрите за финансии на еврозоната во Брисел разговараат за поединечните предложени реформи, додека Атина предупреди на можноста за одржување на референдум во случајот тие да бидат отфрлени.
Меѓу предложените мерки се и плановите за ограничување на бирократијата, зголемување на заработката од онлајн коцкањето и ангажирањето на даночни инспектори кои не се експерти, вклучувајќи ги и туристите, кои би помогнале во акцијата против оние кои го избегнуваат плаќањето на данок./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Околу 50 маскирани лица дојдоа пред Српскиот културен центар во Загреб
Педесетина маскирани мажи, претежно млади луѓе, пристигнаа пред Српскиот културен центар во Загреб, каде што се одржува изложба.
Таму беа и неколку припадници на интервентната полиција.
Откако пееја „О Хрватска, о Хрватска, независна држава“ и скандираа „За татковината, спремни“, тие го напуштија местото на настанот.
Полицијата не интервенираше веднаш, а групата се оддалечи сама, пренесуваат хрватските медиуми.
Интервентната полиција запрела дел од групата, ги легитимирала, а потоа ги пуштила.
фото: принтскрин
Регион
Во Словенија од денеска границите ќе ги чува и војската
Припадници на словенечката војска од денес ќе учествуваат во чувањето на државната граница заедно со полицијата, откако владата еден ден претходно го активираше членот 37 од Законот за одбрана, што го дозволува ова, јавува словенечката агенција СТА. На овој начин, тие ќе и олеснат на полицијата за да можат да извршуваат задачи поврзани со управувањето со безбедносната состојба, особено во југоисточниот дел на Словенија.
Членот 37 од Законот за одбрана предвидува дека словенечките вооружени сили можат да соработуваат со полицијата во пошироката заштита на државната граница во рамките на националната територија во согласност со плановите и по претходна одлука на владата. Припадниците на словенечките вооружени сили немаат полициски овластувања при извршување на овие задачи.
Владата одлучи да го активира членот на вчерашната седница со оглед на безбедносната состојба во југоисточна Словенија, истакнува СТА. Како што изјави премиерот Роберт Голоб по седницата, полицијата може да ги повика припадниците на словенечките вооружени сили да помогнат во многу ограничен опсег на задачи на границата. На овој начин, армијата ќе им олесни на полициските единици од југоисточна Словенија.
фото: принтскрин
Регион
Хорор во Лесковац: се скарал со соседката, па ја удрил со лопата по главата и стомакот, лекарите се борат за нејзиниот живот
Денеска, во селото Губеревац во близина на Лесковац во Србија се случи обид за убиство. По расправија, 69-годишниот Ц.Ј. ја нападнал својата 61-годишна соседка со лопата, нанесувајќи и повреди опасни по живот. Напаѓачот е уапсен, а Вишото јавно обвинителство во Лесковац му одредило притвор поради сомнение за обид за убиство, објавува српски Блиц.
Според првичните информации, вербалниот конфликт меѓу соседите ескалирал во физички напад. Се сомнева дека Ц.Ј. во еден момент зграпчил лопата и ја удрил жената по главата и стомакот со металниот дел. Жената е итно пренесена во Клиничкиот болнички центар во Ниш, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот.
„Жената се здобила со повреди во форма на фрактура на темпорална коска и хематом во пределот на абдоменот, поради што е примена на лекување во Клиничкиот болнички центар во Ниш. Истрагата ја спроведе јавниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Лесковац“, изјавил извор за Блиц.

