Регион
Грчкиот парламент изгласа доверба на владата на Самарас
По тридневна дебата грчкиот парламент изгласа доцна ноќта кон саботата доверба на владата на премиерот Андонис Самарас на гласањето кој самиот го побара за да ја потврди поддршката на пратениците со цел да продолжи со реформите и продолжување на преговорите со „тројката“ меѓународни доверители, Европската унија, Европската централна банка (ECB) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
За довербата на владата во 300-члениот еднодомен парламент гласа 155 пратеници од партиите во коалиционата влада, десноцентристичката Нова демократија, на премиерот Андонис Самарас и левичарското Сегрчко социјалистичко движење (ПАСОК), на вицепремиерот и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос. Против беа 131 пратеник од сите опозициски партии.Ова е второ гласање за доверба на кабинетот на Самарас за нешто помалку од една година. На 11-ти ноември 2013 година се гласаше за недоверба на владата по барање на опозицијата, тогаш за недоверба на владата гласаа 124 пратеници, а против 153 пратени од владејачката коалиција, а 17 беа воздржани. Повод за тогашното гласање беше акцијата полицијата од ноќта на 7-ми ноември кога беше заземена зградата на државниот информативен сервис ЕРТ од која беа истерани сите вработени кои не излегоа од зградата од јуни 2013 година кога беше донесена одлука за негово згаснување во настојувањата за скратување на буџетските расходи. Според аналитичарите, прашањето за довербата беше поставено за да им се испрати пораката на меѓународните кредитори и претставниците на меѓународните финансиски пазари дека политичката ситуација во земјата е стабилна. Особено целта на гласањето е беше да се стави крај на дебатата околу можноста за одржување предвремени општи избори на почетокот од следната година што го бара најголемата опозициска партија Коалицијата на радикалните леви сили (СИРИЗА). Анкетите, имено, покажуваат дека СИРИЗА којашто инсистира на суспендирање на отплаќањето на јавниот долг, отпишување на дел од грчките долгови и прекинување на низата болни реформи, ги надмина во популарноста партиите од владејачката коалиција.На 6-ти октомври грчката влада го достави до соодветната парламентарна комисија проектот за државниот буџет за 2015 година, а финалниот текст ќе биде презентиран во ноември. Проектот предвидува враќање на земјата кон позитивниот економски раст по шест години рецесија. Посебно се предвидува, врз основа на остварената стапка на раст од 0,6 отсто во 2014 година, следната растот да забрза на 2,9 отсто. Според предлог-текстот, примарниот буџетски суфицит (вишокот на приходите на државните приходи над расходите, со исклучок на сервисирањето на државниот долг), о 2015 година да достигне 2,9 отсто од бруто домашниот производ (БДП), а јавниот долг да се намали до 1698 отсто од 175 проценти колку што изнесува во 2014 година. Според грчкото министерство за финансии, предложениот буџет е избалансиран првпат бидејќи дури и со трошоците за сервисирање на националниот долг, е планирано да се сведе со исклучително мал дефицит од 0,2 отсто до БДП-то. Се предвидува, исто така, и намалување на стапката на невработеност од 24,5 отсто во 2014-та на 22,5 отсто во 2015 година, и пораст на вработеноста од 2,6 проценти.Владата на Самарас, исто така, планира следната година да издаде 7-годишни и 10-годишни обврзници и државни записи со рок на доспевање од повеќе од 26 седмици. Тоа ќе биде сторено во атмосфера на успешното враќање на светските кредитни пазари по четиригодишното отсуство. Покрај тоа, Атина се надева дека ќе успее да го заврши мониторингот до страна на меѓународните кредитори за економската состојба на земјата и да се излвече од кредитните програми на „тројката“ во вкупен износ од 240 милијарди евра кон крајот на годината, една година порано од планираното завршување во почетокот на 2016 година. Потоа, Грција планира да го продолжи своето рефинансирање на слободниот пазар./крај/мф/снЗа довербата на владата во 300-члениот еднодомен парламент гласа 155 пратеници од партиите во коалиционата влада, десноцентристичката Нова демократија, на премиерот Андонис Самарас и левичарското Сегрчко социјалистичко движење (ПАСОК), на вицепремиерот и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос. Против беа 131 пратеник од сите опозициски партии.Ова е второ гласање за доверба на кабинетот на Самарас за нешто помалку од една година. На 11-ти ноември 2013 година се гласаше за недоверба на владата по барање на опозицијата, тогаш за недоверба на владата гласаа 124 пратеници, а против 153 пратени од владејачката коалиција, а 17 беа воздржани. Повод за тогашното гласање беше акцијата полицијата од ноќта на 7-ми ноември кога беше заземена зградата на државниот информативен сервис ЕРТ од која беа истерани сите вработени кои не излегоа од зградата од јуни 2013 година кога беше донесена одлука за негово згаснување во настојувањата за скратување на буџетските расходи. Според аналитичарите, прашањето за довербата беше поставено за да им се испрати пораката на меѓународните кредитори и претставниците на меѓународните финансиски пазари дека политичката ситуација во земјата е стабилна. Особено целта на гласањето е беше да се стави крај на дебатата околу можноста за одржување предвремени општи избори на почетокот од следната година што го бара најголемата опозициска партија Коалицијата на радикалните леви сили (СИРИЗА). Анкетите, имено, покажуваат дека СИРИЗА којашто инсистира на суспендирање на отплаќањето на јавниот долг, отпишување на дел од грчките долгови и прекинување на низата болни реформи, ги надмина во популарноста партиите од владејачката коалиција.На 6-ти октомври грчката влада го достави до соодветната парламентарна комисија проектот за државниот буџет за 2015 година, а финалниот текст ќе биде презентиран во ноември. Проектот предвидува враќање на земјата кон позитивниот економски раст по шест години рецесија. Посебно се предвидува, врз основа на остварената стапка на раст од 0,6 отсто во 2014 година, следната растот да забрза на 2,9 отсто. Според предлог-текстот, примарниот буџетски суфицит (вишокот на приходите на државните приходи над расходите, со исклучок на сервисирањето на државниот долг), о 2015 година да достигне 2,9 отсто од бруто домашниот производ (БДП), а јавниот долг да се намали до 1698 отсто од 175 проценти колку што изнесува во 2014 година. Според грчкото министерство за финансии, предложениот буџет е избалансиран првпат бидејќи дури и со трошоците за сервисирање на националниот долг, е планирано да се сведе со исклучително мал дефицит од 0,2 отсто до БДП-то. Се предвидува, исто така, и намалување на стапката на невработеност од 24,5 отсто во 2014-та на 22,5 отсто во 2015 година, и пораст на вработеноста од 2,6 проценти.Владата на Самарас, исто така, планира следната година да издаде 7-годишни и 10-годишни обврзници и државни записи со рок на доспевање од повеќе од 26 седмици. Тоа ќе биде сторено во атмосфера на успешното враќање на светските кредитни пазари по четиригодишното отсуство. Покрај тоа, Атина се надева дека ќе успее да го заврши мониторингот до страна на меѓународните кредитори за економската состојба на земјата и да се излвече од кредитните програми на „тројката“ во вкупен износ од 240 милијарди евра кон крајот на годината, една година порано од планираното завршување во почетокот на 2016 година. Потоа, Грција планира да го продолжи своето рефинансирање на слободниот пазар./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Во Загреб падна замрзнат дожд
Поради најавените ниски температури и замрзнат дожд, за кои Државниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, постои ризик од формирање мраз на тротоарите и други површини во Загреб, објави Градот Загреб, пренесува Индекс.хр.
Градот известува дека возилата на Зимската служба на Загребските патишта превентивно ги посолуваат патиштата во областа на Загреб.
Градот Загреб апелира до сите учесници во сообраќајот, возачи и пешаци, да ги прилагодат своите движења на тешките и потенцијално опасни временски услови. На возачите им се препорачува да избегнуваат непотребно патување, да возат побавно со поголем растојание помеѓу возилата, да избегнуваат нагло сопирање и забрзување и да користат зимска опрема и соодветни гуми. Посебна претпазливост е потребна на мостовите, надвозниците и кривините.
Пешаците се повикуваат да бидат дополнително внимателни, да се движат побавно, да носат соодветни обувки и да избегнуваат замрзнати површини секогаш кога е можно.
фото/депозитфотос
Регион
Поплави во Драч: евакуирани 180 лица, поплавени околу 800 домови
Министерот за одбрана на Албанија Пиро Венгу го свика Комитетот за цивилни вонредни ситуации за регионот Драч поради поплавите, каде состојбата е најкритична. Според него, поплавени се околу 800 домови, а 180 лица се евакуирани.
Венгу информира дека сите надлежни структури се на терен и дека состојбата континуирано се следи, додека опасноста сè уште не е помината. Институтот за геолошки науки предупреди дека и денеска се очекуваат интензивни врнежи од дожд, со можност за дополнително зголемување на поплавите.
Фото: илустрација (ЕПА)
Регион
Обилните дождови ги затворија патиштата во Црна Гора, се заканува раст на Скадарското Езеро
Неколку патишта беа затворени низ Црна Гора денес поради обилни врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Водата се заканува и на бројни домови, а се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми во текот на ноќта кон среда.
Црногорското Министерство за внатрешни работи објави дека последиците од обилните врнежи од дожд се регистрирани во општините Никшиќ, Даниловград, Мојковац, Бијело Поље, Улцињ, Плевља, Подгорица, Колашин и Беране.
„Поради лизгање на земјиштето и излевање на реките, сообраќајот е прекинат на неколку патни правци“, се вели во соопштението на црногорското Министерство за внатрешни работи.
Според најновите информации од 15 часот, нивото на водата на сите реки се намалува, освен на реката Зета и Скадарското Езеро, кое Црна Гора го дели со Албанија. Околу две третини од ова езеро, најголемо на Балканот, ѝ припаѓа на Црна Гора, а една третина на Албанија.
Во текот на ноќта се очекува нивото на водата на Скадарското Езеро да се зголеми поради контролираното испуштање вода од хидроелектраните на реката Дрим, кое го спроведува албанската страна.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно во вторник изјави дека, поради зголемениот проток на реката Дрим, започнале контролирани испуштања вода од хидроелектраните што би можело да доведе до ненадејно зголемување на нивото на Скадарското Езеро.

