Регион
Грчките работници протестираа против пензиските реформи

Грчките работници протестираа во саботата на улиците на главниот град Атина против плановите на владата којашто ја предводи коалицијата на радикалната левица за пензиските реформи кои ги бараат меѓународните доверители.
Околу три илјади работници, според процените на атинската полиција, од приватниот и од јавниот сектор, пензионери и студенти, мирно се собраа на централниот плоштад Синтагма пред грчкиот парламент. Носеа транспаренти со пораките „Не можете да се коцкате со социјалната сигурност“ и извикуваа „Настрана рацете од пензиите“.„Ќе се бориме за заштита на нашите права и ќе ја принудиме владата да го повлече тој ужасен план кој го нарекуваат реформа“, изјави генералниот секретар на синдикалната федерација GSEE, Никос Киотцукис.Медиумите оценуваат дека одѕивот како и на неодамнешните протести бил слаб, главно поради заморот и малодушноста на граѓаните по петгодишното „стегање на ременот“ и двете програми за меѓународна финансиска помош, кои доведоа до затворање на многу компании и раст на невработеноста, но не успеаја да ја извлечат Грција од длабоката економска криза./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.