Регион
Ѓукановиќ: Нема причини за оставка на владите

Црногорската влада врз основа на сериозна анализа го отфрли барањето на дел од опозицијата да поднесе оставка, бидејќи има полн легитимитет и продолжува со работењето, изјави премиерот Мило Ѓукановиќ.
Црногорскиот премиер појасни дека владата, како и секогаш, одговорно и промослено пристапило по барањето за оставка.
„По сериозно разгледување го отфрливме барањето бидејќи мислиме дека владата е избрана на регуларни, демократски избори, кои се оценети како такви од страна на домашни и странски набљудувачи. Оваа влада има целосен легитимитет да продолжи со работа и да обезбедува услови кои секому во Црна Гора, вклучително и на демонстрантите, ќе им овозможи слободно да го соопштат овој став, делувајќи во согласност со уставниот и правниот систем во државата“, порача Ѓукановиќ.
Според него во протестите има несомнен обид за надворешно вмешување.
„Спорна е артикулацијата на ова незадоволство. Тоа е обид спротивно на уставот и системот, насилно да се менува власта со јасна намера да се изврши ревизија на државниот курс на Црна Гора, односно да се напушти курсот на европски и евроатлански интеграции“, уверен е Ѓукановиќ. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.