Регион
Ѓукановиќ покрена иницијатива за гласање доверба на владата

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ во понеделник покрена иницијатива за покренување на прашањето околу довербата на Владата во Собранието.
Ѓукановиќ по владината седница изјави пред новинарите дека министрите ја прифатиле неговата иницијатива и додаде дека барањето ќе биде проследено до Собранието на разгледување.
Собранието по тој предлог би требало да се изјасни за 15 дена.
Не е познато како по предлогот на Ѓукановиќ ќе се изјасни неговиот долгогодишен коалиционен партнер Социјалдемократската партија, која претходно соопшти дека актуелната влада е „техничка“ и дека опстојува само заради поканата за членство на земјата во НАТО.
Црна Гора на 2 декември доби покана за членство во НАТО.
Оставка на Владата бара и опозицијата, која бара формирање на преодна влада која би ги подготвиле парламентарните избори следната година. /крај/он/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.