Регион
Хаг сам ќе ги избере судиите во спорот меѓу Хрватска и Словенија

Постојаниот арбитражен суд во Хаг во средата објави дека сам ќе именува хрватски и словенечки судија во спорот меѓу двете земји околу Пиранскиот залил, пренесува Hina.
Откако ќе го направи тоа, Судот ќе ги разгледа последиците од откажувањето на Хрватска од арбитражниот договор со Словенија.
„Веднаш откако Судот повторно ќе се конституира, има намера внимателно да ги разгледа ставовите на страните, вклучувајќи ги и последиците од најавените намери на Хрватска да се откаже од арбитражниот договор и можните последици по сегашната постапка“, се наведува во соопштението од Судот.
Судот одлучил да именува судии откако Хрватска и Словенија во зададениот рок како замени за хрватски и словенечки арбитар ги предложија Будислав Вукаш и Рони Абрахам, кои пак дадоа оставки.
Словенечката влада соопштила дека во врска со одлуката на Судот, сега повторно е воспоставен трибунал во согласност со арбитражниот договор.
Хрватското министерство за надворешни и европски работи не дало коментар за најавата на Судот, туку само го повторило ставот дека арбитражната постапка „неповратно е компромитирана преку постапките на словенечката страна“.
Кон крајот на јули Хрватска еднострано одлучи да се откаже од арбитражната постапка во граничкиот спор околу Пиранскиот залил, обвинувајќи ја словенечката страна дека лобирала кај арбитражниот суд да пресуди во нејзина корист./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Украинско комбе се судри со руски камион во Словенија, петмина загинати

На автопатот кој ги поврзува Марибор и Љубљана, во близина на излезот Словенска Коњица, во правец на Љубљана, се случи тешка сообраќајна несреќа во која загинаа пет лица, а две се повредени. Несреќата се случила кога патничко комбе удрилo во камион. Сите жртви биле странски државјани, соопшти словенечката полиција, јавуваат медиумите во регионот.
Според досега утврденото, возачот на комбе со украински регистарски таблички, кое превезувало седум лица, поради несоодветна брзина, удрил во задниот дел од приколка која стоела во ред поради работи на автопат. Пет лица загинале во комбето на местото на несреќата.
Возачот, кој ја предизвикал несреќата, е полесно повреден, додека патничка е тешко повредена. Двајцата повредени се пренесени во болница, а тешко повреденото лице е пренесено со хеликоптер. Идентитетот на загинатите сè уште се утврдува.
Возачот на камионот, руски државјанин, не е повреден, но му е понудена психолошка помош поради сериозноста на несреќата, објавува Радиотелевизија Словенија. Несреќата се случила непосредно пред одморилиштето Тепање, на дел од автопатот каде што се во тек големи работи – се реновираат 13 километри пат, два тунела и три вијадукти. Полицијата потврди дека несреќата се случила пред работната зона каде што се формираат долги редици поради затворени ленти.
Фото: принтскрин
Регион
Млад човек се удави во Улцињ: трагедија во Црна Гора

Млад човек се удави во Улцињ денеска, во попладневните часови, јавуваат медиумите во регионот.
Според написите, давењето се случило на „Големата плажа“.
Засега нема информации за идентитетот на загинатиот.
Според последните извештаи било подигнато црвено знаме бидејќи имало големи бранови во морето.
Регион
Србија им препорачува на граѓаните да не патуваат во Хрватска на почетокот на август

Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Србија да се воздржат од патување во Хрватска во периодот од 1 до 10 август.
Во соопштението Министерството им советува на граѓаните што ќе бидат на територијата на Хрватска во тој период да избегнуваат собири и други јавни собири, кои може да носат ризик од инцидентни ситуации.
Во тој период – на 5 август, Хрватска ја одбележува годишнината од воено-полициската операција „Бура“. Прославата се одржува на денот кога завршила акцијата. Во Србија годишнината од „Бура“ е на 4 август, денот кога почнала, како ден на сеќавање на жртвите и протераните Срби.