Регион
Халиловиќ: Можен е нов оружен конфликт во БиХ
Воениот командант на Армијата на Босна и Херцеговина Сефер Халиловиќ оцени дека е можен нов оружен конфликт во БиХ доколку властите во Република Српска останат на намерата да спроведат референдум, најавен за 25 септември, и покрај забраната од страна на Уставниот суд на БиХ,
Во разговорот, што во понеделникот навечер го емитуваше комерцијалната сараевска телевизија ТВ1, Халиловиќ изјави дека со спроведувањето на референдумот претседателот на РС Милорад Додик „опасно се доближил до црвената линија“ која значи крај на Дејтонскиот договор.Со референдумот, смета Халиловиќ, ќе се означи демонтирање на договорот со кој во 1995 година заврши три и полгодишната војна во БиХ, а со тоа воедно би настапила правна состојба каква што беше во сила претходно.„Тогаш се враќаме на Република БиХ“, рече Халиловиќ, кој во периодот 1992 и 1993 година беше началник на генералштабот на Армијата на БиХ.Разликата во однос на тогашното и сегашното време, како што истакнува, е тоа што повеќе ја нема ЈНА, а Србија не е во можност да ги помага босанските Срби како што тоа го правела во времето на Милошевиќ.„РС, според сите параметри може да се одржи десет до 15 дена во некој конфликт“, оценува пензионираниот генерал.Тој апелираше до Додик ако треба стотина години да преговара, отколку да војува, при тоа додавајќи дека во БиХ има доволно луѓе што повторно би војувале. /крај/хн/ст
Извор: Hina
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Над илјада лица протестираа во Атина против нападите врз Иран
Повеќе од илјада лица маршираа во неделата низ Атина до американската и израелската амбасада во знак на протест против нападите врз Иран. Според полицијата, на протестот учествувале над 1.300 демонстранти.
Протестот бил организиран претежно од поддржувачи на Комунистичката партија на Грција, кои носеле транспаренти со пораки „Рацете подалеку од Иран“ и „Затворете ја базата Суда“. Амбасадите на САД и Израел биле обезбедени со полициски кордони.
Συγκέντρωση στο πάρκο Ελευθερίας και πορεία προς την αμερικανική πρεσβεία πραγματοποίησαν εργατικά σωματεία και φορείς κατά των επιθέσεων των ΗΠΑ και Ισραήλ στο Ιράν.
🎥orange press#ingr #news #αθηνα #iran pic.twitter.com/q5IcH44kzk
— in.gr/news (@in_gr) March 1, 2026
Ден претходно, грчките власти ги засилиле безбедносните мерки во поморската база Суда на островот Крит, која ја користат САД како стратешка точка во источниот Медитеран.
Фото: ЕПА
Регион
Оштетена амбасадата на Србија во Техеран во утринските напади
Во утринското бомбардирање на Техеран е оштетена зградата на Амбасадата на Србија во Иран, дознава српски „Телеграф“.
Според информациите на медиумот, била гаѓана блиската база на Басиж, а од силата на ударот е предизвикана материјална штета и на објектот во кој се наоѓа српската дипломатска мисија.
Во нападот нема повредени меѓу персоналот на амбасадата.
Во тек е нов бран напади на Израел и САД врз воени објекти во Иран, особено во Техеран.
Регион
Спречен шверц на 350 килограми марихуана на албанско-грчката граница
На граничниот премин „Какавија” на албанско-грчката граница, кај Ѓирокастро, спречен е шверц на 350 килограми марихуана, која требала да заврши на грчкиот нарко пазар.
„Денеска околу 6:30 часот, при скенерска проверка на празно возило на излез од царинската испостава Какавија, забележана е двојна шасија, каде што била сместена сомнителна количина на наркотична супстанца „канабис сатива“, соопшти албанската полиција.
Се додава дека царинските службеници го пуштиле возилото на физички преглед, заедно со полициските сили, при што биле откриени 166 пакети од по 2,1 килограма марихуана или вкупно 350 килограми.
Ова е прв случај откриен годинава со толкава количина марихуана на овој премин во јужниот дел на Албанија.

