Регион
Хан ќе го претстави новиот план за проширувањето на ЕУ
Новоизбраниот еврокомесар за соседство и пристапни преговори, Јоханес Хан во вторник во Европскиот парламент (ЕП) ќе го образложи новиот план во однос на политиката на проширувањето на Европската унија (ЕУ).
Хан претходно изјави дека политиката на проширувањето е „мотор на реформите, но на тој начин што секоја земја ќе стане членка на ЕУ само доколку е целосно подготвена за тоа“.
Прием на нови членки во следните пет години нема да има, навел Хан, кој во надворешнополитичкиот одбор на ЕП ќе даде свое видување и за политиката за соседството, која сега е силно фокусирана на украинската криза.
По веќе утврдената постапка, австрискиот еврокомесар веќе однапред одговорил на пет прашања на пратениците од ЕП, потенцирајќи дека за одлучувањето околу влегувањето на одредена земја во ЕУ, „квалитет ќе мора да се гледа пред брзината на процесот“.
Австриецот исто така порачал дека „потребните длабоки реформи можат да се спроведат само постепено, заедно со огромната поддршка од ЕУ“.
Новоизбраниот еврокомесар додал дека „во поглед на клучните поглавја како владеењето на правото, тој е подготвен да го засили политичкиот дијалог и ангажирањето со тие земји, и да се потикнат реформите преку искористувањето на сите можности од европските фондови“.
Според Хан, „независното и професионалното судство е клучно за владеењето на правото, а суштински е важно да се продолжи борбата против организираниот криминал и корупцијата, преку јасни резултати во истрагите, покренувањето на обвиненија и донесувањето на примерни пресуди“.
„Основните права мораат да бидат целосно почитувани во пракса, а не само во законите…преку вклучувањето на малцинските групи во општеството и спречувањето на дискриминацијата, што првенствено ќе биде потенцирано и во нашите годишни извештаи“, објаснил идниот комесар за проширување.
„Ние мораме да се посветиме првенствено на отворањето на нови работни места, раст, инвестиции и клучни структурни реформи“, изјавил Хан, нагласувајќи дека „поголем дел од средствата од ИПА 2 фондовите ќе бидат насочени кон овие цели, а заедно со меѓународните финансиски организации ќе се работи на поттик на реформите“.
Австрискиот еврокомесар потенцирал дека ќе се работи и на тоа да се поправи начинот на кој ЕУ им помага на земјите кои се подготвуваат за прием, за тие потоа да можат да ги достигнат економските мерила на Унијата./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Бахамите го признаа Косово
Бахамите официјално ја признаа Република Косово како независна и суверена држава, соопшти косовската претседателка Вјоса Османи.
Османи го потпишала договорoт на Бахамите со премиерот Филип Брејв Дејвис. На социјалната мрежа „Икс“ беше објавено заедничко соопштение во кое се наведува дека двете земји воспоставиле дипломатски односи, кои стапуваат на сила со денот на потпишување на заедничкото комунике, во согласност со меѓународното право и Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.
Bahamas recognizes the Republic of Kosovo as a sovereign and independent state! 🇽🇰 🇧🇸
We just signed our bilateral agreement with Prime Minister @honphilipedavis. On behalf of the people of Kosovo, I extend my sincere gratitude for this decision of historic significance!
Full… pic.twitter.com/a9LLtW2BW7
— Vjosa Osmani (@VjosaOsmaniPRKS) December 19, 2025
Во соопштението се наведува дека Бахамите и Косово ја потврдиле посветеноста на целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации и изразиле намера да развиваат соработка во области од заемен интерес, како што се трговијата, туризмот, образованието, културата, технологијата и јавниот сектор.
Двете земји изразиле очекување за воспоставување топло и продуктивно партнерство.
Годинава, независноста на Косово ја признаа и Сирија, Судан и Кенија.
depositphotos
Регион
Путин првпат зборуваше за НИС: Верувам дека Белград ќе ги исполни своите обврски
Рускиот претседател Владимир Путин повеќе од две децении одржува годишна прес-конференција, на која ги презентира своите политички ставови и анализи на јавноста во Русија и во странство.
За време на конференцијата, новинар од Србија го потсети рускиот претседател дека Нафтената индустрија на Србија (НИС), заедничко вложување меѓу Русија и Србија, ги трпи последиците од западните санкции. Тој го праша Путин како ја коментира оваа ситуација?
„Што се однесува до НИС, притисокот од западните санкции продолжува, а ова е показател за политичка моќ. Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски, а двете земји ќе спроведат многубројни други проекти“, рече Путин не сакајќи да се продлабочува на оваа тема.
Претходно денес, рускиот претседател изјави за „Спутник“ дека знае што се случува со компанијата НИС и дека се надева оти ќе се најде заедничко решение.
„Знаеме што се случува со компанијата НИС. Имаме меѓудржавен договор и претпоставуваме дека пријателското српско раководство ќе го земе ова предвид. Имаме идеја за насоката во која сакаме да се движиме заедно. Работиме на тоа и се надевам дека ќе го најдеме потребното решение“, рече рускиот претседател.
Тој исто така рече дека без оглед на надворешната аспирација за подобрување на односите, притисокот со санкции ќе продолжи како начин за покажување сила, пренесува „Раша тудеј“.
„Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски и дека Русија и Србија ќе спроведат многубројни други заеднички проекти“, рече тој.
НИС е под санкции на САД од почетокот на октомври поради мнозинската руска сопственост, што значително го комплицира работењето на една од најважните компании за функционирање на целата српска економија.
Рускиот „Газпромнефт“ е мнозински сопственик на НИС, а рускиот претседател рече дека земјата инвестирала повеќе од три милијарди долари во компанијата.
фото/депозитфотос
Регион
E-пошта со безбедносни закани во училиштата во Словенија: учениците итно евакуирани
Неколку основни и средни училишта низ Словенија денес добија е-пошта со безбедносни закани, а некои беа евакуирани како мерка на претпазливост, објави полицијата.
Главната полициска управа на Љубљана изјави дека реагирала веднаш по приемот на заканувачки пораки, собрала информации и ги спровела сите потребни мерки за да ја осигура безбедноста на учениците и персоналот, објави СТА.
Досега собраните податоци укажуваат дека станува збор за генерички закани, без конкретна оперативна опасност.
Полицијата процени дека ситуацијата носи мал ризик и дека нема потреба од дополнителен аларм.
Министерот за образование беше информиран за инцидентот, пишуваат медиумите.
Фото: депозитфотос

