Регион
Хан: Следната недела отворање на нови поглавја од преговорите со Србија

Еврокомесарот за соседска политика и пристапни преговори Јоханес Хан изразил очекувања дека ЕУ следната недела ќе постигне договор за отворање на нови поглавја во преговорите за пристапувањето на Србија во Унијата, пренесуваат српските медиуми.
„Голем оптимист сум дека може да се отворат нови поглавја и веројатно следната недела ќе имаме состанок каде ќе говориме на оваа тема“, изјавил Хан, додавајќи дека можно е отворање на поглавја „и следната недела и следната година“.
„Мислам дека следната недела можеме да отвориме и повеќе од едно поглавје“, повторил Хан кој додал дека би можело да се деси да се отворат две-три поглавја, што би ја однело земајта во нова фаза од преговарачкиот процес.
Српскиот премиер Александар Вучиќ додал дека сигурно ќе биде отворено поглавјето 5, кое се однесува на јавните набавки, додека пак за отворањето на поглавјата 24 и 26 се уште не постои целосна согласност. „Сакаат да видат дали ќе може да добијат уште нешто од Србија и од тоа зависи дали овие поглавја ќе бидат отворени сега или подоцна“, рекол тој.
Вучиќ додал дека во престојниот период ќе продолжат разговорите во поглед на односите со Хрватска, како и прашањето за односите помеѓу Белград и Приштина, при што тој потенцирал дека „Србија нема да се откаже од националните и државните интереси“ за да отвори некое поглавје./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Во Сплит казната за одење во костим за капење на улица и пиење алкохол на јавно место е 150 евра

На првиот ден од годинава во Сплит стапи на сила новата одлука за комунален ред во која се пропишани повисоки казни за прекршителите, па може да се очекува летово да нема туристи во костими за капење на улиците, бидејќи доколку бидат фатени по комунален ред ќе им следува казна од 150 евра, известуваат хрватските медиуми.
Истата казна од 150 евра е пропишана и за оние кои пијат алкохол на јавни места, а казната за шетање куче без поводник е согласно одлуката за условите и начинот на чување миленици и изнесува 66,36 евра за физичко лице.
Жителите на Сплит и нивните гости по улиците ќе ги надгледуваат 21 комунален редар, а уште 12 ќе чекаат на повик во зградата на градската управа.
Од август 2020 година, градот Дубровник има слична одлука за комунален ред, а минатата година првите разголени туристи платија општински казни од 1.000 куни.
Новата сплитска одлука за комунален ред е донесена на последната седница на Градскиот совет во 2022 година, а стапи на сила од новата година.
Регион
Хорор во Хрватска: Пациентка со нож избоде познат психијатар

Психијатарот Елвира Коиќ беше повредена во саботата попладне во својата канцеларија во Вировитица кога 37-годишна пациентка ја нападна и ја избоде со нож, пишуваат хрватските медиуми.
Докторката е пренесена во Општата болница Вировитица, каде што е на лекување, а според информациите, нејзиниот живот не е во животна опасност. Пациентката е уапсенa.
Елвира Којиќ е познат психијатар во Хрватска, којa голем дел од својата кариера посветила на работата со хрватските бранители кои страдаат од пострауматско стресно растројство, пренесува „Вечерњи лист“.
Регион
Курти: Не добив соодветни аргументи за формирање за Заедницата на српските општини

Косовскиот премиер Аљбин Курти смета дека европскиот предлог е добра основа за договор со Србија и дека е подготвен да разговара за договорите постигнати во Брисел, но рече дека не добил соодветни аргументи за формирање на Заедницата на српските општини (ЗСО).
Курти рече дека „не смета дека е неопходно да се создаде ЗСО, но оти е подготвен за дискусии за правата на немнозинските заедници“.
Откако го видел француско-германскиот предлог, вели тој, оттогаш преговараат за постигнување договор.