Регион
Харадинај не се плаши да биде израчен на Србија

Поранешниот премиер на Косово и лидер на Алијанската за иднина на Косово, Рамуш Харадинај, кој е уапсен во Љубљана, во четвртокот изјави дека не се плаши од израчување на Србија,а за словенечката власт рече дека во неговиот случај „постапила срамно“.
„Јас сум во Љубљана, ја чекам одлуката да ми го вратат пасошот за да отпатувам за Приштина. За мене оваа ситуација е неприфатлива, што Словенија ова го нема расчистено. Ако не е нивна грешка, ако не погрешил системот, тогаш оваа власт тука е злонамерна: Не се грижам воопто за Србија, јас сум граѓанин на Косово“, рече Харадинај за Н1.
Оваа телевизија објави дека на Харадинај му бил одреден адвокат по службена должност.
Инаку, Харадинај по апсењето во Љубљана беше изведен пред истражен судија по што му е одземен пасошот и му е забрането да ја напушти државата.
Словенечките правосудни органи ја проверуваат српската потерница и чекаат евентуално барање на Србија за негова екстрадиција. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двокатен автобус oд Косово се заглави под подвозник во Загреб

Автобус од Косово се заглави пред најпознатиот подвозник во Загреб на улицата Мирамарска.
Возачот на автобусот се обидел да помине под подвозникот висок 3,65 метри.
Инцидентот предизвикал голем метеж во градското подрачје, пренесе „Индекс“.
Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.